Убавината на порокот

„Убавината на порокот“ (српски: Лепота порока) — југословенски филм од 1986 година, во режија на Живко Николиќ, според расказот на Милован Глишиќ. Главните улоги ги играат: Петар Божовиќ, Мира Фурлан, Ева Рас, Милутин Караџиќ, Ален Нури, Инес Котман и Мира Бањац. Режија: ић [1]

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива во Црна Гора, каде во заостанатите планински села постои обичај мажот да ја убие својата неверна жена удирајќи ја со дрвен чекан по главата. Во едно такво село, Лука (го игра Караџиќ) се жени со убавата Јаглика (ја игра Фурлан). Тие живеат сиромашно и затоа ја прифаќаат понудата на нивниот соселанец Ѓорѓе, наречен Жорж (го игра Божовиќ), да се преселат на морскиот брег. Таму, Лука работи во фабриката за производство на сол, а Јаглика се вработува во еден нудистички камп. Таа е традиционално воспитана и со ужас ги гледа голите луѓе кои се одмораат во кампот, но под влијание на двајца млади туристи (ги играат Нури и Котман), таа постепено ја открива својата сензуалност. На крајот од филмот, Лука и Јаглика се враќаат во селото, каде тој ја носи во планината со намера да ја убие на традиционалниот начин, но наместо тоа, се убива себе.[2]

Наводи

уреди