Миноловец
Миноловец — мал воен брод опремен за откривање и уништување поморски мини.[1] Овој брод користи различни техники за да ја неутрализира заканата од поморски мини; миноловците ги расчистуваат и ги обезбедуваат водните патишта.[2]
Историја
уредиПрвите поморски мини потекнуваат од времето на династијата Минг.[3] Но, првите миноловци се појавуваат многу подоцна за време на Кримската војна, кога биле користени од Британците. Во Кримската војна, миноловците биле чамци кои по себе влечеле сидро заврзано за јаже да ги закачат мините. Иако мини се користеле и во Американската граѓанска војна, нема податоци за нивно чистење со миноловци.[4] Технологијата за чистење мини се подобрила во Руско-јапонската војна, во која се користеле стари торпилери (торпедни чамци) како миноловци.
Во Британија, поморските лидери пред избувнувањето на Првата светска војна увиделе дека морските мини се закана за бродскиот транспорт. Затоа почнале да користат воени бродови со мрежи за да го исчистат Ламанш.[5] Првиот наменски миноловец бил изработен за време на Првата светска војна. Но, до крајот на војната, технологијата за поставување на поморски мини многу напреднала, и миноловците не биле во можност да ги откриваат и отстрануваат мините.[4]
Миноловството значително напреднало за време на Втората светска војна. Завојуваните нации мошне брзо ги приспособиле бродовите за чистење мини.[6] Во текот на војната, миноловците во голема мера биле користени и од сојузничките земји и од земјите на Оската. Историчарот Гордон Вилијамсон напишал дека „германските миноловци се неопеаните херои на Кригсмарине“.[7] Поморските мини биле закана и по завршувањето на војната, а миноловците биле активни и по Денот на победата над Јапонија.[8] По Втората светска војна, сојузничките земји работеле на нови класи на миноловци кои се разликуваат по големина од 120 тонски бродови за расчистување на естуарите до океански бродови од 735 тони.[9] Воената морнарица на САД користела специјализирани механизирани десантни пловила за да ги исчистат плитките пристаништа во и околу Северна Кореја.[10]
Начин на работа и посебни барања
уредиМиноловците се опремени со механички или електрични уреди за онеспособување на мините. Современите миноловци се конструирани на начин со кој се намалува веројатноста самите тие да ги детонираат мините; звучно е изолиран и честопати се гради од дрво, фиберглас или обоен метал, или е демагинизиран за да се намали магнетизмот.[11]
Механичките чистачи се уреди со кои се сечат каблите на кои се закачени укотвените мини. Тие се влечат зад миноловецот. Инфлуентни чистачи се уреди, кои најчесто се влечат по бродот, кои се однесуваат како брод, а со тоа предизвикуваат детонација на мината. Најчести такви чистачи се магнетните и акустичните генератори.
Познати миноловци
уреди- Миноловецот Абрахам Кријнсен - познат по неговото бегство од Сурабаја во 1942 година, кога се маскирал како тропски остров.
- Бронингтон - со кој порано командувал Чарлс, принцот од Велс
- Калипсо – истражувачки брод на Жак-Ив Кусто;
- USS Хазард - музејски брод во Омаха, Небраска
- Вилтон – првиот комбиниран миноловец и првиот воен брод направен од стаклопластика. Сега е закотвен на брегот во Есекс, Англија
- USS Guardian - Кој во 2013 година удрил во гребен на Филипините.
Поврзано
уредиДополнително читање
уреди- Брун, Дејвид Д.. (2006). Дрвени бродови и железни луѓе: океанските миноловци на американската морнарица, 1953-1994 година. Херитиџ букс.ISBN 978-0-7884-3260-6ISBN 978-0-7884-3260-6.
- Брун, Дејвид Д.. (2009). Дрвени бродови и железни луѓе: крајбрежни и моторни миноловци на американската морнарица, 1941-1953 година. Херитиџ Букс. ISBN 0-7884-4909-5ISBN 0-7884-4909-5.
- Лунд и Лудлам. (1978) Чистење! Приказната за миноловците во Втората светска војна. Нова англиска библиотека ISBN 0450044688.
Надворешни врски
уреди- Авион Пјутер | Vickers Wellington DWI од 1 GRU се користи за чистење на магнетни мини
- Ex HNLMS M880 - Mahu - MSI (холандски)
- Веб-страницата на шведскиот миночистач од 1941 година М 20 сè уште работи
- „Борба против подморничката мина - како морнариците се борат со смртоносното море оружје“ октомври 1941 година
Наводи
уреди- ↑ „миноловец“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „minesweeper“. The Oxford Essential Dictionary of the U.S. Military. Oxford: Oxford University Press. 2012. ISBN 9780199891580.
- ↑ „Huolongjing“. Blogspot. Chinese Literature. 19 September 2008. Посетено на 29 May 2015.
- ↑ 4,0 4,1 Hattendorf, John B. (2007). The Oxford encyclopedia of maritime history. Oxford: Oxford Univ. Press. ISBN 9780195130751.
- ↑ Bacon, Sir Reginald (1919). The Dover patrol 1915-1917. G. D. Doran co. стр. 146.
- ↑ Dennis, Peter; Jeffrey Grey; Ewan Morris; Robin Prior; Jean Bou (2012). „Auxiliary Minesweepers“. The Oxford companion to Australian military history (2. изд.). South Melbourne, Vic.: Oxford University Press. ISBN 9780195517842.
- ↑ Williamson, Gordon (2012). Kriegsmarine Coastal Forces. Osprey Publishing. стр. 48. ISBN 9781782000006.
- ↑ Grant, Roderick M., уред. (January 1946). „Sweeping up sudden death“. Popular Mechanics. 85 (1): 28–34. ISSN 0032-4558.
- ↑ Jane's (1997). „Mine Countermeasures“. Jane's War at Sea 1897-1997: 100 Years of Jane's Fighting Ships (100. изд.). HarperCollins. стр. 224. ISBN 9780004720654. Посетено на 15 October 2012.
- ↑ Dempewolff, Richard F. (February 1952). Grant, Roderick M. (уред.). „Mother of the minesweepers“. Popular Science. Hearst Magazines. 97 (2): 97–104. ISSN 0032-4558. Посетено на 15 October 2012.
- ↑ „Minesweepers“. How it works : science and technology (3. изд.). New York: Marshall Cavendish. 2003. стр. 2633. ISBN 0-7614-7333-5. Посетено на 15 October 2012.