Ден на победата над Јапонија

Денот на победата над Јапонија (исто така познат како Ден на победата во Тихиот Океан) е денот кога капитулирала царска Јапонија во Втората светска војна, со што всушност се ставил крај на војната. Овој празник се однесува на денот кога било објавено соопштението за капитулација на Јапонија - 15 август 1945 година во Јапонија; но исто така и на денот кога официјално бил потпишан документот за капитулација - 2 септември 1945 година, со што и официјално завршила Втората светска војна.

Ден на победата над Јапонија
Ден на победата над Јапонија
Претставници на Јапонскот император на бродот Мисури за време на потпишувањето на капитулацијата на Јапонија на 2 Септември 1945
Наречен иДен на победата во Тихиот Океан
Датум2 Септември 1945
ПоврзаноДен на победата во Европа

Во Обединетото Кралство како Ден на победата над Јапонија се прославува 15-ти Август, а во САД официјалната комеморација се одржува на 2 септември.[1]

На 2 септември 1945 година, на воениот брод Мисури во Токискиот Залив формално била потпишана капитулацијата. Во Јапонија, 15 август е познат како „Ден на жалост за погинатите во Војната и молитва за мир“ (戦没者を追悼し平和を祈念する日, Senbotsusha o tsuitōshi heiwa o kinensuru hi). Ова име било усвоено во 1982 година со декрет издаден од Јапонската влада.[2]

Капитулација

уреди

Настани пред капитулацијата

уреди

На 6 и 9 август 1945 година, сојузниците фрлиле атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки. На 9 август, Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија. На 10 август, Јапонската влада ја соопштила својата намера да се предаде според условите од Постдамската Декларација.

По оваа вест започнале прослави низ целиот свет.

Прифаќање на Потсдамската декларација

уреди

На 15 август 1945 година (кратко време по пладне по јапонско време), царот Хирохито објавил дека Јапонија ги прифаќа условите од Постдамската декларација; изјавата била емитувана преку радио. Претходно истиот ден, јапонската влада преку Радио Токио објавила соопштение дека „наскоро ќе ја прифатат Потсдамската резолуција“, и ги советувала своите сојузници да се предадат со испраќање депеша до американскиот претседател Хари Труман преку Швајцарската дипломатска мисија во Вашингтон.[3] На 14 август во седум часот попладне (летно време во Вашингтон) Труман на националната телевизија објавувил дека официјалниот настан на потпишување на капитулацијата е закажан за 2 септември.[4]

Затоа што Силите на оската во Европа се предале три месеци претходно (Ден на победата во Европа), Денот на победата над Јапонија се смета како крај на Втората светска војна, иако мировниот договор меѓу Јапонија и повеќето сојузници бил потпишан дури во 1952 година, а меѓу Јапонија и Советскиот Сојуз во 1956 година.[5][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „History.com“. Архивирано од изворникот на March 7, 2010. Посетено на August 14, 2010.
  2. 厚生労働省:全国戦没者追悼式について (јапонски). Ministry of Health, Labour and Welfare. August 8, 2007. Архивирано од изворникот на March 21, 2008. Посетено на February 16, 2008.
  3. Hakim, Joy (1995). A History of Us: War, Peace and all that Jazz. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-509514-6.
  4. „Japanese acceptance of Potsdam declaration announced by President Truman“. ibiblio.org. Архивирано од изворникот на May 17, 2017. Посетено на May 21, 2009.
  5. „Canberra Times – Local Canberra News, World News & Breaking News in ACT, Australia“. Архивирано од изворникот на August 14, 2016. Посетено на August 15, 2016.
  6. „Victory in the Pacific (VP) Day“. Australian War Memorial. Архивирано од изворникот на August 15, 2019. Посетено на August 15, 2019.