Милко Митрески
Милко Ников Митрески ( 1920 во Малкоец, Кичевско — 1 октомври 1943 на Буковиќ (планина)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегувал од сиромашно семејство, кое се занимавало со земјоделство. Како активен младинец и член на СКОЈ во летото 1943 година стапил во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево заминал со четата на комесарот Мирко Милески да ја бранат слободната територија на Македонија. Загинал на Буковиќ во борба со Германците и балистите на 1 октомври, 1943 година.[1]