Миле Арнаутовски (22 јуни 1925, Белград) ― македонски генерал и учесник во Народноослободителната борба.

Миле Арнаутовски
22 јуни 1925 -
Роден во:Белград, Кралство СХС
Служба во:ФНРЈ/СФРЈ
Род:(гранка од армијата)
Период на служба:1953-1982
Чин:Генерал-потполковник
Единици:Прва македонска ударна бригада
Командува/л со:(единици со коишто командувал)
Битки/војни:Сремски фронт
Други занимања:(други занимања, покрај воената кариера)

Ран живот и образование

уреди

Арнаутовски е роден на 22 јуни 1925 година во Белград. Тој потекнува од занаетчиско семејство како син на Климе и Аспасија.[1]

Тој бил гимназијалец. Високото образование го стекнал на Техничкиот факултет во Загреб во периодот 1947-1953 на насоката бродоградителство.[1]

Политички и воени активности и кариера

уреди

Рано политички активности

уреди

За време на средношколските денови, тој се приклучил на комунистичкото движење. По падот на Кралството Југославија, тој бил одговорен за прибирање на оружје и одржување на демонстрации против италијанската власт. Станал член на СКОЈ во август 1941 година. На истата младинска организација подоцна станал нејзин раководител при Охридска гимназија. По создавањето на КПМ во 1943 година, тој станал нејзин член, а во истата година во октомври тој се приклучиш на КПЈ.[1]

Борбени активности

уреди

На 30 јуни 1944 година постанал борец при Првата македонска народноослободителна бригада кога бил поставен за раководител на СКОЈ во баталјон и подоцна раководител во бригада. Истата година бил уапсен од бугарските власт, но набрзо бил ослободен. Со бригадата учестувал во ослободување на Вардарскиот дел на Македонија и пробивањето на Сремскиот фронт. Во завршување на Војната, тој и неговиот Петнаесетти корпус се вратиле во Македонија и останал во корпусот сè до септември 1947, кога се упатил да студира на Техничкиот факултет во Загреб.[1]

Повоена кариера

уреди

Откако ги завршил студиите во Загреб, тој бил вработен како инженер проектант во Морнаричко-техничкиот институт при Југословенската воена морнарица во Сплит и таму бил до 1958 година. Потоа бил во Тиват од 1958 до 1960 година како шеф на проектантско биро. Потоа се вратил во Загреб, овојпат како началник на одделение и заменик директор на Морнариско-техничкиот институт во периодот 1960-1969 година. Следна работна положба му била во Скопје. Периодот 1969-1973 година, Арнаутовски бил секретар на комитетот на Сојузот на комунисти во ЈНА во Скопската армиска област. Во декември 1971 година бил унапреден за генерал-мајор. Миле Арнаутовски бил поставен за помошник на командантот на Скопската армиска област за политичко-правни работи од 1973 до 1976 година. Следните шест години ги минал како Републички секретар за народна одбрана.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис; Арсоски, Јован; Петрески, Тони (2017). Воени генерали од Македонија (1943-2014) (PDF). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 40. ISBN 9786086595524. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-05-10. Посетено на 9 јуни 2022.