Чамори

(Пренасочено од Чаморци)

Чаморите (чаморски: Chamorro) се староседелски микронезиски народ на Маријанските Острови, денес во составот на американските територии Северни Маријански Острови и Гуам. Денес, значаен број од Чаморите живеат во САД и Хаваите. Според пописот од 2000 година, во Гуам живееле околу 65.000 Чамори, а во Северните Маријански Острови живееле 19.000 Чамори.[3] Надвор од Маријанските Острови живеат околу 93.000 Чамори.

Чамори
Чамори (1915)
Вкупен број
147,798 (попис 2010)
Подрачја со значајно население
 САД
 Гуам59,381 (попис 2010)[1]
 Северни Маријански Острови12,902 (попис 2010)[2]
 Филипини(попис 2010)
 Шпанија(попис 2010)
Јазици
чаморски
Вероисповед
христијанство

Јазик

уреди

Мајчин јазик на Чаморите е чаморскиот јазик. Чаморскиот е малајско-полинезиски јазик кој е сроден со палауанскиот. Бидејќи Гуам бил под шпанска управа над 300 години, јазикот има многу позајмени шпански зборови.[4]

Јазикот се изучува во училиштата во Северни Маријански Острови и Гуам. Јазикот се зборува по дома.

Историја

уреди

Се верува дека Чаморите пристигнале на Маријанските Острови од Југоисточна Азија, во околу 2000 г.п.н.е. Поради тоа, овој народ е доста сроден со австронезијците од Филипини, Индонезија, Тајван, Палау и Каролинците. Тие биле доста добри морепловци, но и одлични производители на ткаени работи и керамика.

Шпанските колонијални записи кажуваат дека Чаморите сееле свои житни и градинарски култури според месечевите мени. Така на пример, сладок компир се сеел кога месечината била полна и имало ниска плима.[5]

Религија

уреди

Чаморите се Католици.[6] Во доста мал број се присутни претхристијанските верувања и обичаи.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „2010 Census Guam Demographic Profile Summary File“ (PDF). census.gov. US Census Bureau. Посетено на 11 August 2017.
  2. „Ethnic Origin or Race: 2010 Commonwealth of the Northern Mariana Islands Summary File“. census.gov\publisher=US Census Bureau. Архивирано од изворникот на 25 May 2017. Посетено на 11 August 2017.
  3. https://www.census.gov/population/www/proas/pr_ia_hist.html[мртва врска]
  4. Rafael Rodríguez-Ponga. Del español al chamorro: Lenguas en contacto en el Pacífico. Madrid, 2009, Ediciones Gondo, www.edicionesgondo.com
  5. Wuerch, William L.; Ballendorf, Dirk Anthony (1994). Historical Dictionary of Guam and Micronesia. Metuchen, NJ: Scarecrow Press. стр. 12–13. ISBN 0810828588.
  6. „Northern Mariana Islands Travel - Guides & Reviews - Travel Library“. Travel-library.com. Архивирано од изворникот на 2011-02-24. Посетено на 2011-02-20.

Надворешни врски

уреди