Методија Ивановски
Методија Ивановски - Менде (роден на 14 мај 1929 година во Битола - починал на 1 јануари 1995 година во Скопје) — македонски сликар и сценограф.[1]
Методија Ивановски | ||
Роден | 14 мај 1929 Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1 јануари 1995 Скопје, Македонија | (возр. 65)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | Новинар |
Животопис
уредиТомислав Ивановски е роден на 14 мај 1929 година во Битола. Завршил Ликовна школа и Педагошката академија во Скопје и студирал на Ликовната академија во Загреб. Работел како наставник во родниот град. Бил член на ДЛУМ (1952) и негов претседател (1988–1989), член на ДЛУПУМ, еден од основачите на групата „ВДИСТ” (1955) и на Уметничката галерија во Битола.
Се занимавал со театарска, телевизиска и филмска сценографија (од 1967). Имал студиски престои во Братислава, Париз, Прага, Рим и Њујорк. Реализирал дваесетина самостојни ликовни изложби (Битола, Скопје, Загреб и Њујорк) и учествувал на голем број групни изложби. Во неговото творештво нашле одраз традицијата, фолклорот, ранохристијанската и византиската архитектура и уметност.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ивановски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 589. Text "series " ignored (help)