Мери Кингсли
Мери Кингсли (англ. Mary Kingsley; Ислингтон, 13 октомври 1862 — Симонстаун, 3 јуни 1900) била англскa писателka и истражувач и влијаела врз европското мислење околу Африка и народот во Африка.
Мери Кингсли | |
---|---|
Роден(а) | 13 октомври 1862 Ислингтон, Лондон |
Починал(а) | 3 јуни 1900 Сајмонс Таун, ЈАР | (возр. 37)
Националност | Англичанка |
Познат(а) по | патописи за Африка |
Детство и младост
уредиРодена е во Ислингтон, како ќерка на Џорџ Кингсли, кој исто така бил патописец. Нејзиниот татко бил доктор, а мајка ѝ била инвалид, па Мери морала да се грижи за неа. Во училиште одела многу малку, но имала пристап до големата таткова библиотека и се воодушевувала кога го слушала нејзиниот татко како чита за странските земји.
Патувања во Африка
уредиТатко ѝ починал во 1892 година, а мајка ѝ починала пет недели после тоа. Била ослободена од семејните обврски, а имала доволно пари за да патува некаде. Одлучила да ја посети Африка за да собере материјал за книгата за културата за Африка, која нејзиниот татко не успеал да ја заврши.
Кинглси стигнала во Сиера Леоне на 17 август 1893 година, и од таму го продолжила патувањето за Луанда и Ангола. Живеела со месните жители, кои ја научиле на неопходните вештини за преживување во дивина. Често сама заминувала во опасни предели. Во Англија се вратила во декември 1893 година, за да преговара за издавање на нејзината патописна книга.
На 23 декември 1894 година, повторно заминала во Африка со повеќе резерви. Сакала да го проучува племето канибали, и нивните традиционални и религиски практики. Во април се спријателила со мисионерката Мери Слесор, која исто така живеела со месното население. Кингсли од Слесор дознала за локалната пракса да се убијат близнаците при раѓање, поради тоа што сметале оти едното дете е дете на ѓаволот. Поради неможноста да одредат кое е дете на ѓаволот, ги убивале и двете бебиња, а често и мајката.[1]
Подоцна во Габон, Мери Кингсли со кану ја минувала реката Огове, каде собрала примероци од претходно непознат вид на риба, од кои три подоцна биле наречени по неа. После посетата на племето фанг се качила на планината Камерун висока 4040 метри, по патека по која ни еден Европеец не отишол.[2]
Враќање во Англија
уредиКога се вратила дома во ноември 1895 година, Кингсли новинарите сакале да ја интервјуираат. Статиите напишани за неа биле вознемирувачки, посебно што новинарите ја нарекувале „Нова Жена“. Кинглси се дистанцирала од феминистичките движења.[3] Во текот на наредните три години, патувала низ Англија и држела предавања за животот во Африка. Таа била првата жена која им се обратила на коморите на Ливерпул и Манчестер.[4]
Мери Кингсли се замерила со Црквата на Англија бидејќи ги критикувала мисионерите кои се обидувале да ги христијанизираат Африканците. Раскажувала делови од животот на Африканците што ги шокирале Англичаните, како на пример полигамијата, за која таа сметала дека се случува поради потреба.[5] Мисионерите кои го христијанизирале мажот, барале од него да ги напушти сите жени освен една, со што останатите жени и деца останувале без помош, без сопруг и татко, а со ова се создавал социјален и економски проблем.[6]
Верувањата на Кингсли се комплексни и денес се дискутираат од научниците. Во „Студии за Западна Африка“ напишала: „Иако сум дарвинист, се соменвам дека еволуцијата во уредна и чиста нормална линија, со народот Фетиш на дното и христијаните на врвот, ја претставува вистинската состојба на работите.“[7]
Дела
уредиКингсли напишала две книги за своите искуства. Првата книга била „Патувања во Западна Африка“ (1897),[8] која веднаш станала бестселер, а втората книга била „Студии за Западна Африка“ (1899). Некои списанија и весници како Тајмс не сакале да напишат статија за нејзините дела.
Смрт
уредиОткако избила Втората бурска војна, Кинглси заминала за Кејптаун во март 1900 година,[9] каде волонтирала како медицинска сестра. Умрела од тифус, додека ги лечела воените заробеници, на 3 јуни 1900 година. Според нејзините желби била погребана на море.[10]
Наводи
уреди- ↑ Frank 2006, стр. 130-131.
- ↑ Alexander 1990, стр. 254.
- ↑ Flint 1963, стр. 96.
- ↑ Matthew & Harrison 2004, стр. 713.
- ↑ Kingsley & Brandt 2002, Introduction.
- ↑ Frank 2006, стр. 157-159.
- ↑ Kingsley 1901, стр. 101.
- ↑ „Review of Travels in West Africa: Congo Français, Corisco, and Cameroons by Mary H. KIngsley“. The Athenæum (No. 3615): 173–176. 6 February 1897.
- ↑ "The War in South Africa - Embarcation of Troops" The Times (Лондон). Monday, 12 March 1900. Бр. 36087, стр. 7.
- ↑ Matthew & Harrison 2004, стр. 714.
- Alexander, Caroline (1990). One dry season: in the footsteps of Mary Kingsley. Knopf. ISBN 978-0-394-57455-4.
- Flint, J.E. (2009). „Mary Kingsley — a reassessment“. The Journal of African History. 4 (01): 95. doi:10.1017/S002185370000373X. ISSN 0021-8537.
- Frank, Katherine (2006). A Voyager Out: The Life of Mary Kingsley. Tauris Parke. ISBN 978-1-84511-020-8.
- Gwynn, Stephen; Rattray, R. S. (October 1932). „The Life of Mary Kingsley“. Journal of the Royal African Society. 31 (125): 354–365. JSTOR 716893.
- Gwynn, Stephen (1940). The Life of Mary Kingsley. Hammondswoth, Middlesex, England: Penguin Books. стр. 174. ASIN B0014IGN0S.
- Matthew, H. C. G.; Harrison, Brian (2004). Oxford Dictionary of National Biography: In Association with the British Academy. OUP Oxford. ISBN 978-0-19-861411-1.
- Kingsley, George Henry; Kingsley, Mary Henrietta (1900). Notes on Sport and Travel. Macmillan.
- Wilcox, Desmond (1975). Ten who dared. Little, Brown. ISBN 978-0-913948-09-5.
Надворешни врски
уреди- Мери Кингсли на Ризницата
- Биографија на Мери Кингсли
- Кралското африканско друштво има биографија и кратка библиографија за Кингсли.
- Дела од Mary Henrietta Kingsley на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Мери Кингсли на Семрежниот архив