Меки сирењасирења кај кои количеството на вода во содржината без маснотии во сирењето (v/ns) е од 63 до 73 проценти, така што овие сирења и по созревањето содржат од 50 до 55 проценти апсолутна вода. Затоа, апсолутната вода ја означува вкупната количина на вода во сирењето по созревањето и може да се изрази во грамови по килограм сирење или во проценти.

Меко сирење
Млеко одКрава
овца
Пастеризирановообичаено
Текстурамека, флексибилна, еластична
Узревање3 недели или помалку

Поделба на сирењата

уреди

Во зависност од содржината на вода во безмасниот дел од сирењето:

многу тврди сирења до 30 % вода Сирења од типот пармезан: (грана падано, пармиџано лодиџано, пармиџано емилијано, пармиџано реџијано), сбринц
тврди сирења од 35 до 45 % вода бра, ементалер, гријер, алпкезе, чедар, едамер, фонтина, фиоре сардо, кашкавал, монтасио, пекорино, карстно овчо сирење
полутврди сирења од 40 до 50 % вода едамер, гауда, тилзит, трапист, бел пазе, порт салут, проволоне, сирење за раклет, тет де моан, путеркезе
меки сирења над 50 % вода сирења со мувла во структурата или на површината, сирења со намаз на површината
свежи сирења од 85 до 87 % вода моцарела, урда, маскарпоне

Количината на вода во содржината без маснотии во сирењето е важна информација што може да се искористи за да се определи типологијата на сирењето. Колку е помеко сирењето, толку е поголем процентот на вода во него. Карактеристичните својства на сирењето се образуваат во немасната супстанција, која е прилично постојан параметар на сирењата.

Други својства на меките сирења

уреди

Одликите на сирењето се образуваат во содржината на сирењето без маснотии, што е прилично постојан параметар на сирењата. Бактериите обично образуваат мувлосана обвивка (кора) на површината на меките сирења. Меките сирења може да се поделат и на сирења со мувла во тестото или на површината. Присутните микроорганизми придонесуваат за вкусот на сирењата и предизвикуваат образува на дупки (окца) во сирењето. Некои од меките сирења се кремасто меки и можат да се намачкаат (на пр. вашерин). Ако овие сирења зреат долго време, ја менуваат својата цврстина, па дури и стануваат течни.

Сирења со мувла или облога

уреди

Меките сирења може да имаат благородна мувла во тестото и/или на површината, но можат да бидат површински заштитени:

Поврзано

уреди