Маскарпоне (итал. mascarpone) е вид на италијанско сирење. Благо и кремасто, маскарпоне се прави од шлаг. Карактеристично е за некои зони во Ломбардија (особено за градовите Лоди и Абјатеграсо), југозападно од Милано.

Крем од маскарпоне

Потекло

уреди

Името на ова сирење потекнува од терминот mascherpa т.е. mascarpia кое на ломбардски дијалект се употребува за да се означи крем од млеко, но неговата подготовка се раширила низ цела Италија. Времето на неговото појавување историски сѐ уште не е точно утврдено.

Основни одлики

уреди

Ова сирење има изглед на крем со бело - жолтеникава боја, има многу сладок вкус и е мошне калорично.

Употреба

уреди

Маскарпоне најмногу се употребува како додаток во десертите (на пр. во тирамису) и како фил за торти.

Маскарпоне доста брзо се расипува и поради тоа во минатото претежно се правел во зима. Со оглед на тоа дека брзо ги презема околните мириси, ова сирење треба да се чува во затворен сад.

Маскарпоне може да се купи во добро снабдените продавници но може и лесно да се приготви. За тоа е потребно 1 литар шлаг кој се загрева на 90 °C, се додаваат 5 милилитри лимонова киселина или пропорционално лимонов сок и 10 минути полека се меша дури шлагот не се стврдне. Накрајот, таа маса треба да се завие во крпа и се остава да отстои.

Познатата торта „сан гауденцио“ се припрема од наизменични слоеви од посебен благ-кремаст вид на сирење горгонѕола и маскарпоне сирење.

Надворешни врски

уреди