Трапист — вид на полутврдо сирење кое традиционално го прават монасите траписти.

Трапист
ОбластФранција
Белгија
Босна и Херцеговина
САД
Индустриско производство:
Унгарија, Германија, Хрватска, Австрија, Словенија
Текстураполутврдо сирење
Масностполномасно или полумасно сирење
Големина16 до 18 см (пречник)
5 до 8 см (висина)
Тежина1 до 1,5 кг
Узревање5 до 12 недели

Одлики

уреди

Сирењето трапист може да биде полно или полумасно според содржината на маснотии. Сирењето се прави во облик на пити, со пречник од 16 до 18 см и висина од 5 до 8 см, со тежина од 1 до 1,5 кг. Сирењето има фина, флексибилна текстура. На површината нема маснотии, кората е мазна, тенка и златножолта, понекогаш со исушена црвена маст. Во текстурата речиси и да нема дупки, но ако ги има, тие се со големина на леќа, со пречник од 2 до 3 мм. Текстурата е погодна за сечење, флексибилна, пластична, со путерно жолта боја, а пресекот е мазен и сјаен.[1] Сирењето има благ, сладок, малку кисел вкус и мирис. Трапистот може да има апсолутна содржина на вода од околу 48 проценти во масната супстанција, од 55 до 58 проценти вода во немасната супстанција и 1,6 до 2,5 проценти сол.[2] Времето на зреење е од 5 до 12 недели.

Историја

уреди

Трапист потекнува од Франција (трапистскиот манастир на Пор ди Сали), од каде што е донесен во Средна Европа од трапистските монаси.[3]

Производство

уреди

Технологијата за правење трапист е изведена од онаа на сирењето Пор ди Сали, но изворниот рецепт не ѝ е познат на јавноста. Трапист се прави во неколку верзии, кои се разликуваат по текстурата на тестото (полутврдо или тврдо сирење за сечење), по обликот и распоредот на окцата (заоблени окца или ретки пукнатини, ретко посеани окца), кората е малку сува или има засушена црвена паста, може да се парафинира . Денеска сирењето трапист, според традиционалниот рецепт, се произведува во манастири од редот во Франција и Белгија, на некои места во САД и во Бања Лука во Босна и Херцеговина.

Наводи

уреди
  1. Žugman Širnik, Manja (2012). Potepanja po Bosni in Hercegovini. Založba Morfem d.o.o. стр. 14. ISBN 978-961-6840-73-6.
  2. Renčelj, Stanko, Siri nekdaj in zdaj, Kmečki glas, Ljubljana, 1995
  3. Veliki splošni leksikon; knjiga 19, DZS, Ljubljana, 2006

Надворешни врски

уреди