Раклет
Раклет (франц.: Raclette) — швајцарско и савојско јадење кое се прави од стопено сирење. Сирењето кое се користи за подготовка на ова јадење често се нарекува „раклет“.
Раклет | |
Дел од оброкот | главно |
---|---|
Место на потекло | Швајцарија, Савоја |
Температура на послужување | жешко |
Главни состојки | раклет (сирење) |
Потекло
уредиРаклет се споменува за првпат во средновековните манастирски записи во кантоните Обвалден и Нидвалден. Тие известуваат за „сирење за пржење“, кое има исклучителна хранлива вредност. Познатата книга за деца „Хајди“ на Јохана Шпири зборува за раклетот како „сирење за пржење од ливадата“.
Подготовка
уредиДенес во раклетот најмногу се додаваат компири, кисели краставички и кромид, при што се дозволени различни комбинации на зеленчук. На пазарот може да се најдат бројни видови на сирење раклет, кои се зачинети со лук, бибер или пиперка или направени од козјо млеко.
Варијанти
уреди- Валиски раклет (германски: Walliser Raclette)
На валиски начин, раклетот се прави така што блиску до огнот се става половина пита особено лесно топливо полномасно сирење „гомс“ за да почне лесно да се топи. Кога сирењето ќе почне да се топи, се ренда на чинија и така се послужува.
Од 1950-тите, раклетот не се подготвува на оган, туку во посебен вид на уред направен само за раклетот и оттогаш се користи и вон Швајцарија. Овој електричен уред главно се состои од еден грејач во хоризонтална кутија, неколку посатки за храна и регулатор за дотерување на висината на грејното тело. Пита сирење раклет се става во сад и се поставува под грејното тело. Се чека додека горниот слој не почне да се топи. Најдобро е, слојот од сирење да стане кафеав. Потоа сирењето се поместува од изворот на топлина, се превртува садот и се „раклетира“, што значи дека со соодветната виљушка т.н. виљушка раклет, се послужува на чинија.
- Раклет од шпоре (германски: Racletteofen)
Веќе извесно време, исто така нетрадиционално, се прават уреди за на маса, во кои не може да се стопи цела пита сирење, туку само да се исечени парчиња раклет. На тој уред, обично на округла или овална подлога, е монтирано грејно тело. Под него може да се сместат две до десет мали чинии, кои поединечно се полнат со сирење. Над грејното тело обично има капак од камен или метал, со цел да се спречи директен допир со топлината и истата да се задржи во уредот. Бидејќи и овој капак се загрева, често има вдлабнатини, кои овозможуваат дополнително печење на месо или јајца. Предноста на овие уреди е што во овие јадења може да се подготви зеленчук и други прилози истовремено со сирењето.
Име
уредиВо Швајцарија, сирењето раклет би требало да има законски заштитено потекло, бидејќи сирењето раклет е типично валиско јадење, сирењето раклет треба да се нарекува само сирење направено во кантонот Валис.
Меѓутоа, во јуни 2006 година, Комисијата за ревизија, основана од Министерството за економија, одлучува дека поимот раклет првично означувал само храна, а не самото сирење и затоа не е можно да се заштити. Во ноември 2007 година, швајцарскиот федерален суд пресудил дека раклетот е јадење и дека не може да се користи како заштитен знак. Така, името „раклет“ за сирење може слободно да се користи. Сепак, федералниот суд одлучил дека сирењето произведено во кантонот Валис треба да биде заштитено со посебно име (франц. Raclette du Valais AOC).