Сбринц — многу тврдо сирење произведено во средна Швајцарија. Во швајцарската кујна често се користи наместо пармезанот. Сирењето се произведува во само 42 млекарници во централна Швајцарија. При производство на ова сирење се користи само локално кравјо млеко. Се чува во регионот сè додека не е подготвено за потрошувачка. Спротивно на популарното верување, името Сбринц првично не се однесува на одредено место или регион.[се бара извор] И покрај тоа, Швајцарската унија за сирење го додала овој мит со започнување рекламна кампања во 90-тите години на минатиот век. Како резултат на оваа кампања, сега постои област наречена Сбринц . ]