Мачорот во чизми
"Мачорот во чизми" (италијански: Il gatto con gli stivali; француски: Le Maître chat ou le Chat botté) е европска книжевна бајка за мачка која со лаги, измами и сплетки сака да се стекне со моќ, со богатство и да ја освои раката на принцезата за неговиот сиромашен господар кој немал ниту имот ниту потекло. Најстарите записи датираат од италијанскиот автор Џовани Франческо Страпарола, во неговото дело Веселите ноќи на Страпарола (в. 1550-53) во XIV–XV. Друга верзија била објавена во 1634 од страна на Џамбатиста Базиле со наслов Каљузо, и потоа приказна, таква каква што е позната, била напишана на француски јазик при крајот на седумнаесеттиот век од страна на Шарл Перо (1628-1703), пензиониран државен службеник и член на Француската академија.[1] Приказната се појавила во неговата збирка од осум бајки наречена Приказни или сказни од минатото. Книгата доживеала успех и останува популарна до денес.
Илустрација 1843 | |
Автор | Шарл Перо Џовани Франческо Страпарола, за верзијата Среќниот Константино |
---|---|
Изворен наслов | Le Chat botté Il gatto con gli stivali |
Илустратор | Гистав Доре (во 19 век) |
Земја | Франција Италија |
Јазик | француски јазик италијански јазик |
Серијал | Истории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye) |
Жанр | Сказна |
Издавач | Барбен (фр. Barbin) |
Издадена | 1697 |
Заплетот на приказната
уредиПриказната започнува со третиот и најмлад син на воденичарот и наследството што тој му го оставил на синот— една мачка. Најстариот брат добил воденица, средниот брат ги добил маските а на него му останала мачката. На мачката не е обична мачка, туку онаква којашто бара и добива еден пар чевли. Решена да го направи својот господар богат, мачката фаќа зајак во шумата и му го носи на кралот како подарок од својот господар, измислениот маркиз од Карабас. Мачката продолжува да носи подароци на кралот неколку месеци, за што била и наградена.
Еден ден, кралот одлучил да се повози со неговата ќерка. Мачката го наговарила својот господар да се соблече и да влезе во реката од каде што поминувала кралската кочија. Мачка ја скрила облеката под карпа. Кога кралската кочија поминала, мачката почнала да вика помош во голема жалост. Кога кралот дошол да види што се случува, мачката му рекла дека неговиот господар маркизот отишол на капење во реката и дека му ја украле облеката. Кралот наредил да го извадат од реката и да го облечат младичот во раскошни алишта кои му одговараат на титулата, го седнал во кочијата до неговата ќерка, и таа веднаш се вљубила во него.
Мачката истрчала напред и им рекла на селаните да кажуваат дека земјата му припаѓа на маркизот од Карабас. Мачката тогаш отишла во замокот на еден огар кој умеел да се претвора во голем број на суштества. Огарот се претворил во лав, но мачката го измамила, тој се претворил го глушец и таа го голтнала. Кралот пристигнал во замокот кој порано му припаѓал на огарот и импресиониран со лажниот маркиз и неговиот имот, му ја дал принцезата за жена. Потоа, мачорот уживал во животот како голем господар, кој трча по глувци само за своја забава.[2]
По приказната веднаш следат две наравоученија: "едното ја нагласува важноста да се биде итар другото укажува на важноста на облеката воспитанието и манирите на младите за да се освои срцето на принцезата." Во италијанскиот превод од Карло Колоди приказната дава корисни совети ако ви се случи да бидете мачорот или маркизот од Карабас.
Темата се наоѓа во Франција но истата се среќава и во Азија, Африка и Јужна Америка.[3]
Бајки со истиот мотив низ светот
уредиНа сакскрит
уреди"Господар Мачка или Мачорот во Чизми" на Перо е најпознатата приказна во цел западен фолклор за животните како помошник. Сепак, итрата и измамничка мачка не била пронајдок на Перо.[4] Векови пред објавувањето на приказната на Перо, Сомадева, браманот од Кашмир, собрал огромна колекција Индиски народни приказни и ги нарекол Катасаритсагара (санскрит: Kathā Sarit Sāgara) или Океан на струи од сказни каде се вклучени бајки со разни мотиви како непобедлива мечеви, садови кои сами си ја исполнуваат содржината, и корисни животни. Во збирката басни Панчатантра или Пет Принципи (санскрит: Panchatantra), збирка на хинду приказни од 5 век постои сказна за една мачка кој не толку вешто како мачката на Перо се обидува да го направи своето богатство во кралската палата.[5]
На италијански
уредиВо 1553, "Среќниот Константино", приказна слична на "Мачорот во чизми", била објавена во Венеција од Џовани Франческо Страпарола во книгата Веселите Ноќи на Страпарола (италијански Piacevoli Notti ),[6] прва европска збирка со бајки.[7] Во приказната на Страпарола сиромашниот млад човек е син на жена од Бохемија, мачката е преправена вила, принцезата се вика Елизета, а замокот не му припаѓа на огар туку на богат лорд кој загинува во несреќа. Сиромашните младич на крајот станува крал на Бохемија. Изданието на Страпарола било објавен во Франција во 1560. Изобилството на усни верзии после оваа на Страпарола може да укажуваат на устен извор на приказната но исто така е можно Страпарола самиот да ја измислил приказна.[8]
Во 1634, друга приказна со измамничка мачка како јунак била објавена во збирката Пентамероне на Џамбатиста Базиле иако ниту збирката, ниту приказната биле објавени во Франција за време на животот на Перо. Кај Базиле младичот е просјак наречен Гаљузо (понекогаш Каљузо), чие богатство се постигнува на сличен начин како кај Перо. Сепак, приказната завршува така што Каљузо, во знак на благодарност, на мачката ѝ ветува златен ковчег по нејзината смрт. Три дена подоцна, мачка решава да се тестира Каљузо и се преправа дека е мртва и се стаписува кога слуша како Каљузо ѝ кажува на сопругата да ја фати за опашката и да ја фрли низ прозорецот. Мачката скокнува, прашува дали таа е ветената награда што му овозможила на просјакот подобар живот. Мачката потоа бргу исчезнува, оставајќи го својот господар сам да се грижам за себе.
Најверојатно Перо ја знаел приказната на Страпарола, бидејќи "Весели Ноќи" била преведена на француски јазик во 16 век и подоцна се пренесувала во усната традиција.
Изданија
уредиНајстарото пишано издание било објавено во Венеција од страна на италијанскиот автор Џовани Франческо Страпарола во делото Веселите ноќи на Страпарола (c. 1550-53) во XIV-XV. Оригиналниот наслов бил Среќниот Константино (италијански: Costantino Fortunato)
Господарот мачор, или Мачорот во чизми подоцна бил објавен во Париз во 1697 во збирка сказни наречена Приказни или сказни од минатите времиња. Во збирката освен оваа приказна биле и други познати приказни: Заспаната убавица, Црвенкапа, Пепелашка, Палче и други. Збирката е позната и под називот Сказните на мајката Гуска.[1] Таа веднаш доживеала голем успех.[9]
Авторство
уредиКако автор на книгата на Перо бил наведен неговиот син Пјер Дарманкур но вистинскиот автор бил токму Перо за кој веќе подолго време се знаело дека се интересира за бајките од минатото а воедно тој во 1694, објавил веќе една приказна наречена "Магарешка кожа".[1] Исто така, ракописот и илустрирациите на пет од приказните (вклучувајќи го и Мачорот во чизми) постоеле две години пред изданието во Париз 1697. Пјер Дарманкур имал шеснаесет или седумнаесет години во времето кога ракописот бил подготвен и, како што сметаат истражувачите Јона и Петар Опи најверојатно не бил заинтересиран за пишување бајки. Дарманкур, кој станал војник, не покажувал книжевни аспирации, и кога умрел во 1700, не се спомнала никаква негова поврзаност со бајките. А кога Перо починал во 1703, весникот алудирал дека тој е авторот на "Заспаната убавица", бајката која весникот ја објавил во 1696.
Адаптации
уредиПриказната на Перо била преработена многупати во текот на вековите. Лудвиг Тек објавил драматична сатира врз основа на приказната, наречена Der gestiefelte Kater,[10] а во 1812, Браќата Грим ја вметнале верзија на приказната во својата збирка бајки Kinder und Hausmärchen.[11] Во балет, мачорот се појавува во третиот чин на Заспаната убавица на Чајковски. На филм и за телевизија, Волт Дизни направил црно-бел нем филм врз основа на приказната во 1922 година.[12] Таа исто така била адаптирана во манга од страна на познатиот јапонски писател и режисер Хајао Мијазаки во 1969 година.[13] Уште една верзија била во серијата Топ филмски приказни со Кристофер Волкен. Мачорот во оваа адаптација е мачка кој се претвора во човек кога носи ракавици. DreamWorks Animation го објавиле анимираниот филм Мачорот во Чизми, со гласот на Антонио Бандерас. Овој нов филм нема речиси никакви сличности со книгата.
Театарот за деца и младинци од Скопје во 2017 на репертоарот ја има претставата „Мачорот во чизми“. Адаптација на познатата приказна од Шарл Перо ја направил Горјан Милошевски, според идеи на режисерот Игор Ивковиќ. Текстот пренесува порака како да се сака и сподели животот со пријателите и саканите. Како преку добрина и отворено срце да се дојде до поубав живот. Во оваа драма и претстава ги нема лукавоста, расипаната снаодливост и важноста на материјалните добра кои се истакнати во традиционалната бајка - рекол авторот на текстот Горјан Милошевски.[14]
Изданија на македонски јазик
уредиМакедонските изданија главно се сликовници. Приказната била објавена и во збирки како Најубави светски бајки 2, издание Топер, Скопје. Најстаро издание во кое фигурира приказната на македонски јазик е книгата Сказни, од браќата Грим во превод на Радован Павловски, во издание на Нова Македонија, Скопје од 1965.[15]
Мачорот во чизми како мотив во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Opie 1974, стр. 21
- ↑ Opie 1974, стр. 113–116
- ↑ Darnton, Robert (1984). The Great Cat Massacre. New York, NY: Basic Books, Ink. стр. 29. ISBN 978-0-465-01274-9.
- ↑ Opie 1974, стр. 110
- ↑ Opie 1974, стр. 18
- ↑ Opie 1974, стр. 112
- ↑ Opie 1974, стр. 20
- ↑ Zipes 2001, стр. 877
- ↑ Archibald, Opie, Iona ([1974]). The classic fairy tales. London: Oxford University Press. ISBN 0192115596. OCLC 1082973. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Paulin 2002, стр. 65
- ↑ Wunderer 2008, стр. 202
- ↑ „Puss in Boots“. The Disney Encyclopedia of Animated Shorts. Архивирано од изворникот на 2016-06-05. Посетено на 2009-06-14.
- ↑ Zipes 1997, стр. 102
- ↑ „„Мачорот во чизми", нова претстава на Театарот за деца и младинци“. http://novamakedonija.com.mk. Посетено на 2017-10-28. Надворешна врска во
|work=
(help)[мртва врска] - ↑ Браќа, Грим (1965). Сказни. Преведено од Павловски, Радован. Скопје: Нова Македонија.
- ↑ Discogs, New York Dolls – In Too Much Too Soon (пристапено на 16.5.2023)
Надворешни врски
уреди- Потеклото на приказната за "Мачорот во чизми'
- "Мачорот во чизми" Архивирано на 23 октомври 2019 г. – англиски превод (1889)
- "мачорот во чизми" – илустрирана книга Шарени приказни (1941)
- (француски) Господарот мачор или Мачорот во чизми, аудио верзија