Сињ (хрватски: Sinj) е град којшто се наоѓа во Далмација, Хрватска. Според пописот во Хрватска во 2001 година, градот брои 25.373 жители. Местото е познато по одржувањето на настанот „Сињска алка“, витешка игра којашто уште од 18 век се одржува секоја година за одбележување на победата на местното население против османлиската војска.

Панорама на градот Сињ