Митко Илиев Каналиски (6 јануари 1925 во Кратово29 јули 1944 во Штип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Митко Каналиски
Роден 6 јануари, 1925 година
Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 29 јули, 1944 година
Штип, Македонија
Стрелан од Бугарскиот окупатор
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнува од сиромашно занаетчиско семејство. Се школувал во Кратово. Со формирањето на СКОЈ во училиштето, станал нејзин член во 1942 година. Активно се борел за сузбивање на активноста на бугарската фашистичка организација Браник, како и другите фашистички активности и насилства, против бугаризирање на младината, против ширењето и работата на другите фашистички организации и слични активности. По директива на СКОЈ, пишувал пароли на јавни места, растурал летоци и вршел курирска служба. Во текот на 1942 година организацијата добила задача за собирање оружје и муниција. Од бугарската противавионска посматрачница, Митко успел да подигне една пушка, револвер и поголемо количество муниција. Во март 1944 година дошло до провала на организацијата во училиштето, па повеќето од членовите биле затворени (помеѓу кои ѝ Митко) и одведени во централниот затвор во Скопје. Откако никој ништо не оддал биле ослободени. По ослободувањето од централниот затвор, со нападот на Кратово, на 25 април 1944 година, тој заедно со другите негови соборци пристапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Учесник бил во многу борби, а посебно се истакнал во Пролетната офанзива. На пат за Грција, бил ранет и оставен на лекување во партизанска болница, сместена на планината Плачковица. При обидот да се префрли на кумановски терен е откриен од бугарската фашистичка полиција, бил заробен и префрлен во штипскиот затвор.[1] Без судска пресуда, на 29 јули 1944 година заедно со Глигор Пазавански, се стрелани крај десниот брег на реката Брегалница во близината на Штип.[1][2]

Една улица во неговиот роден град Кратово е именувана по него,[3] а исто така училиштето во селото Зеленград било именувано по него.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 39.
  2. „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06. Архивирано од изворникот на 2021-08-06.
  3. Арсовски, Оливер. „Општината Кратово излезе со отчет пред граѓаните“. www.aberdzija.com. Посетено на 2021-08-08.
  4. ДАРМ, Штип, фонд: Народен одбор на општина Пробиштип (1955/56-1958/59) “А-Ј” К.26 а.е. 30-31, Годишен извештај за работата