Марјан Лазевски - Пале ( 1923 во Ресенско22 јули 1944 во Буринец, Струшко) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Марјан Лазевски
Роден 1923 година
Ресенско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 22 јули, 1944 година
Буринец, Струшко, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди
 
Споменик за загинатите борци во НОВ, кои загинале сите заедно, меѓу кои ѝ Марјан Лазевски.

Поради слабите материјални услови во родното село, заминал на печалба како општ работник во Белград. За време на војната се преселил во Скопје. Учествувал во многубројни акции на работничката класа против ненародниот режим на бивша Југославија. И по окупацијата на земјата ја продолжил партиската активност во Белград. Бидејќи во 1942 година бил откриен од непријателот, преминал во Скопје како илегалец. Партијата му обезбедила работа како огнар во Градската општина, создавајќи му нужни услови за натамошна партиско-политичка активност. Извршувал многу одговорни задачи. Одржувал врска со активи на симпатизери, работел со нив, подготвувал нови борци и идни партизани. Истовремено собирал народна помош, ја разобличувал окупаторската власт и друго. Кон крајот на 1943 година заминал во партизани на теренот на Западна Македонија. Подоцна станал борец во Првата македонско-косовска бригада. Се истакнал како примерен и храбар партизан. Затоа станал заменик на политичкиот комесар на баталјонот. Учествувал во повеќе борби на Бригадата.

Загинал во несреќен случај на 22 јули 1944 година, од експлозија на минофрлачка граната, во селото Буринец, Струшко. Со него загинале Коле Канински, д-р Трифун Пановски, Иван Јанески и Наум Божиновски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 83–84. На |first= му недостасува |last= (help)