Жан де Лафонтен
Жан де Лафонтен (француски: Jean de La Fontaine; 8 јули 1621 - Париз, 13 април 1695) — прочуен француски баснописец и поет. Има напишано 240 басни. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет, раскажувач, романописец и комедиограф. Лафонтен потекнува од старо и богато семејство. Се родил во гратчето Шато Тјери, а учел во родното место и во Париз. На 20-годишна возраст стапил во братството на орторијанците со намера да стане духовно лице. Само по една година се откажал и се запишал на правниот факултет во Париз. По завршувањето на студиите бил примен за адвокат во парискиот Парламент. Ни оваа професија не му се допаднала, па се насoчил кон античките писатели и писателите од ренесансата.
Жан де Лафонтен | |
---|---|
Портрет на Лафонтен од Ијасент Риго | |
Изворно име | Jean de La Fontaine |
Роден/а | 8 јули 1621 Шато Тјери, Шампања, Франција. |
Починат/а | 13 април 1695 Неји на Сена, Франција | (возр. 73)
Занимање | баснописец, поет |
Поврзано
уредиОваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |