Марко Јовановиќ (фудбалер 1988)
Марко Јовановиќ (роден на 26 март 1988 година) бил српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата како како централен бек. Моментално настапува за босанскиот прволигаш Борац од Бања Лука.
Клупска кариера
уредиПартизан
уредиМарко Јовановиќ својот прв професионален договор го потпишал на 23 јули 2007 година со клубот на Партизан, заедно со соиграчот Бранислав Станиќ.[1] Јовановиќ својот прв официјален натпревар за клубот на Партизан го имал на 26 септември 2007 година во натпреварот од Купот на Србија против екипата на Рад. Овој натпревар завршил со победа од 4:1 на домашен терен за составот на Партизан. Поради Летните олимписки игри, Јовановиќ пропуштил неколку натпревари на почетокот на сезоната 2008–09.
Сезона 2008-09
уредиНа 23 октомври 2008 година, тој го одиграл својот прв натпревар за Партизан во европските натпреварувања против екипата на Сампдорија во првото коло од групната фаза на Купот на УЕФА 2008-09.[2] Марко бил стартер и против екипата на Севиља на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ во поразот на неговиот тим со резултат од 3:0.[3] Во текот на сезоната 2008–09, Јовановиќ одиграл 19 натпревари за составот на Партизан, 16 во лигата и 3 во Купот на УЕФА.
Сезона 2009-10
уредиВо сезоната 2009-10 на 3 декември 2009 година Јовановиќ бил стартер во натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа против екипата на Тулуз.[4] Исто така бил во стартниот состав во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа во победата на неговиот тим од 1:0 против клубот на Шахтјор од Доњецк.[5] На 27 март 2010 година, Јовановиќ постигнал гол во последната минута од натпреварот против составот на БСК Борча во победата на неговиот тим со резултат од 1:2.[6] Во вториот дел од сезоната 2009-10, Јовановиќ бил следен од екипата на Монако.[7] Во втората половина од сезоната 2009–10 во српската Суперлига, Марко ја минал во составот на Партизан секоја минута од натпреварите.
Сезона 2010-11
уредиНа 24 август 2010 година, Јовановиќ и неговиот тим влегле во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА победувајќи го составот на Андерлехт.[8] Тој ги одиграл сите шест натпревари за екипата на Партизан во квалификациите за Лигата на шампионите. На 28 септември 2010 година, против екипат на Арсенал, Јовановиќ во казнениот простор го фаулирал противничкиот играч Маруан Шамак и добил директен црвен картон, но голманот Владимир Стојковиќ го одбранил пеналот.[9] До крајот на сезоната 2010-11 заедно со составот на Партизан Јовановиќ го освоил Купот на Србија и титулата за национален шампион.
Висла Краков
уредиНа 12 јули 2011 година, Јовановиќ му пристапил на полскиот шампион од Екстракласа Висла Краков со потпишан петгодишен договор за непозната сума на пари од страна на тимот на Партизан.[10] Својот прв натпревар за екипата на Висла го имал на 9 септември 2011 година, против составот на Лех од Познањ во победата на гостински терен од 0:1.[11] На 3 ноември 2011 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар во Лигата Европа за составот на Висла против екипата на Фулам на стадионот на Крејвен Котиџ. Влегол во игра во 88 минута како замена за соиграчот Дуду Битон.[12] На 14 декември 2011 година, тој одиграл цел натпревар против клубот на Твенте, во 6-тиот натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа за сезоната 2011–12.[13] По драматичниот крај од натпреварот, екипата на Висла се квалификувала во осминафиналето. Во осминафиналето, Јовановиќ ги одиграл двата натпревари против составот на Стандард од Лиеж.[14][15] Екипата на Висла не поминала понатаму во натпреварувањето, бидејќи составот на Стандард победил со голови постинати на гостински терен. Во текот на сезоната 2011–12, тој одиграл 27 натпревари во сите рангови на натпреварувања.
На 24 јануари 2015 година, Јовановиќ бил ослободен од активностите во клубот.[16]
Вождовац
уредиНа 24 август 2015 година, Марко Јовановиќ му се приклучил на тимот на Вождовац со потпишан едногодишен договор.[17] Својот прв натпревар за екипата на Вождовац го имал на 13 септември 2015 година, против клубот на Јавор од Ивањица.[18] Во текот на првиот дел од сезоната 2015-16, Јовановиќ одиграл 12 натпревари во сите натпреварувања.
Враќање во Партизан
уредиНа 23 декември 2015 година, тој потпишал договор со важност од 2 години и половина со екипата на Партизан, враќајќи се во својот поранешен тим.[19][20][21] На 21 февруари 2016 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар против составот на ОФК Белград.[22] На 11 мај 2016 година, постигнал гол во финалето на Купот на Србија 2015-16 против екипата на Јавор од Ивањица во победата од 2:0.[23]
АЕЛ
уредиНа 24 август 2017 година, Јовановиќ потпишал двегодишен договор со Суперлигашкиот грчки клуб АЕЛ за непозната сума на пари.[24][25] Тој, во јуни 2018 година го напуштил составот на АЕЛ по само една сезона.
Враќање во Вождовац
уредиВо сезоната 2018-19 во српската Суперлига, Јовановиќ настапувал за екипата на Вождовац. Тој бил редовен во клубот во таа сезона, во која одиграл 30 првенствени натпревари и постигнал 1 лигашки гол.
Борац Бања Лука
уредиНа 30 јуни 2019 година, Јовановиќ потпишал едногодишен договор со босанскиот прволигаш Борац од Бања Лука.[26] Својот прв официјален натпревар за екипата на Борац го имал на 20 јули 2019 година, во нерешениот натпревар од 0:0 на гостински терен во лигата против клубот на Железничар.[27] Јовановиќ својот прв гол за екипата на Борац го постигнал на 29 септември 2019 година по победата од 3:1 против клубот на Вележ од Мостар.[28] На 29 ноември 2019 година, Јовановиќ го продолжил договорот со екипата на Борац до јуни 2023 година[29] Марко својот прв трофеј со клубот го освоил на 23 мај 2021 година. Тоа била титулата за шампион во босанската Премиер лига. Титулата била освоена на еден натпревар пред крајот на сезоната 2020-21.[30]
Репрезентација
уредиСвојот прв натпревар за репрезентацијата на Србија до 21 година Јовановиќ го имал на 21 август 2007 година во пријателскиот натпревар против селекцијата на Молдавија.
Тој бил вклучен во српскиот тим за Олимписките игри во Пекинг 2008 играјќи на сите три натпревари во групната фаза против репрезентациите на Австралија, Брегот на Слоновата Коска и Аргентина. Репрезентацијата во групната фаза го освоила 4то место во својата група.
Тој исто така бил член на селекцијата на Србија до 21 година која учествувала на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2009 година во Шведска.
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уреди- Обновено на крајот од одигран натпревар на 13 декември 2020.[31]
Клуб | Сезона | Лига | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | |||
Телеоптик | 2005–06 | Српска Лига Белград | 28 | 0 | 0 | 0 | — | — | 28 | 0 | ||
2006–07 | Српска Лига Белград | 26 | 1 | 0 | 0 | — | — | 26 | 1 | |||
Вкупно | 54 | 1 | 0 | 0 | — | — | 54 | 1 | ||||
Партизан | 2007–08 | Српска Суперлига | 9 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | — | 12 | 0 | |
2008–09 | Српска Суперлига | 16 | 0 | 3 | 0 | 3 | 0 | — | 22 | 0 | ||
2009–10 | Српска Суперлига | 17 | 1 | 2 | 0 | 2 | 0 | — | 21 | 1 | ||
2010–11 | Српска Суперлига | 18 | 0 | 4 | 0 | 10 | 0 | — | 32 | 0 | ||
Вкупно | 60 | 1 | 12 | 0 | 15 | 0 | — | 87 | 1 | |||
Висла од Краков | 2011–12 | Екстракласа лига | 14 | 0 | 2 | 0 | 10 | 0 | — | 26 | 0 | |
2012–13 | Екстракласа лига | 16 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | — | 21 | 0 | ||
2013–14 | Екстракласа лига | 17 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | — | 19 | 0 | ||
2014–15 | Екстракласа лига | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | ||
Вкупно | 47 | 0 | 9 | 0 | 10 | 0 | — | 66 | 0 | |||
Вождовац | 2015–16 | Српска Суперлига | 11 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | 12 | 0 | |
Партизан | 2015–16 | Српска Суперлига | 12 | 0 | 4 | 1 | 0 | 0 | — | 16 | 1 | |
Бнеи Јехуда | 2016–17 | Израелска Премиер Лига | 25 | 2 | 3 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 29 | 2 |
АЕЛ | 2017–18 | Супер Лига на Грција | 11 | 0 | 6 | 0 | — | — | 17 | 0 | ||
Вождовац | 2018–19 | Српска Суперлига | 30 | 1 | 1 | 0 | — | — | 32 | 1 | ||
Борац од Бања Лука | 2019–20 | Босанска Премиер Лига | 20 | 2 | 1 | 0 | — | — | 21 | 2 | ||
2020–21 | Босанска Премиер Лига | 17 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 17 | 0 | ||
2021–22 | Босанска Премиер Лига | 13 | 1 | 0 | 0 | 4 | 0 | — | 17 | 1 | ||
Вкупно | 50 | 3 | 1 | 0 | 4 | 0 | — | 55 | 3 | |||
Вкупно во кариерата | 300 | 8 | 37 | 1 | 29 | 0 | 1 | 0 | 368 | 9 |
Признанија
уредиПартизан
- Освоена е Српската Суперлига: 2007–08, 2008–09, 2009–10, 2010–11
- Освоен е Купот на Србија: 2007–08, 2008–09, 2010–11, 2015–16
Бнеи Јехуда
- Освоен е Државниот куп на Израел: 2016–17
Борац Бања Лука
- Освоена е Босанската Премиер лига: 2020–21
Наводи
уреди- ↑ „Jovanović i Stanić profesionalci!“ (српски). partizan.rs. 23 July 2007. Архивирано од изворникот на 2014-03-09. Посетено на 31 October 2018.
- ↑ „Dessena decider breaks Sampdoria spell“ (англиски). uefa.com. 31 January 2016. Посетено на 23 October 2008.
- ↑ „Sevilla get back in the groove“ (англиски). uefa.com. 31 January 2016. Посетено на 3 December 2008.
- ↑ „Braaten sets up last-day decider“ (англиски). uefa.com. 31 January 2016. Посетено на 3 December 2009.
- ↑ „Partizan bow out with Shakhtar scalp“ (англиски). uefa.com. 31 January 2016. Посетено на 16 December 2009.
- ↑ „Partizan u 92. minutu do pobede i prvog mesta“ (српски). blic.rs. 31 January 2016. Посетено на 27 March 2010.
- ↑ „Jovanović pojačava odbranu "kneževa"“ (српски). blic.rs. 30 April 2010. Посетено на 10 March 2016.
- ↑ „Ostvarenje sna - Partizan u Ligi šampiona!“ (српски). blic.rs. 31 January 2016. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ „Partizan-Arsenal 1:3 (Kraj)“ (српски). mondo.rs. 31 January 2016. Архивирано од изворникот на 2018-01-23. Посетено на 28 September 2010.
- ↑ „Marko Jovanović w Wiśle!“. wisla.krakow.pl. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 12 July 2011.
- ↑ „Lech Poznań 0–1 Wisła Kraków“. ekstraklasa.net. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Johnson inspires Fulham to Wisła win“. uefa.com. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Wisła victory ensures dramatic progress“. uefa.com. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Standard fail to overcome ten-man Wisła“. uefa.com. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Standard edge past ten-man Wisła“. uefa.com. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Wisła rozwiązała umowę z Marko Jovanoviciem“. wisla.krakow.pl. Архивирано од изворникот на 2015-01-27. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Bivši kapiten Partizana u Voždovcu“. mondo.rs. Архивирано од изворникот на 2017-03-06. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „9. kolo SLS: VOZDOVAC - JAVOR, izvestaj (VIDEO)“. soskanal.net. Архивирано од изворникот на 2017-03-05. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Марко Јовановић поново у Партизану“. fkvozdovac.rs. Архивирано од изворникот на 2017-03-05. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Partizan potpisao Šaranova i Jovanovića“. FK Partizan.rs. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Pojačanja u Humskoj, Iliev najavljuje spektakl!“. mondo.rs. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Od vođstva do poraza za samo 6 minuta“. FK Partizan.rs. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ „Kup je naš!“. FK Partizan.rs. Посетено на 12 May 2016.
- ↑ „O Marko Jovanovic στην ΑΕΛ“. www.larissanet.gr. Посетено на 24 August 2017.
- ↑ „AEL FC | Official Site | Larissa - Greece - Ανακοίνωση“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2017-08-24. Посетено на 2017-08-24.
- ↑ „Vico Zeljković potvrdio! Borac doveo kapitalno pojačanje“. Sport1.ba. 30 June 2019. Посетено на 30 June 2019. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help) - ↑ M. Šljivak (20 July 2019). „Nula Želje i Borca na otvaranju sezone na Grbavici“. sportsport.ba. Посетено на 20 July 2019. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help) - ↑ „(FOTO/VIDEO) Borac u sjajnoj atmosferi nadigrao Velež uz vrhunsku partiju Vranješa“. Sport1.ba. 29 September 2019. Посетено на 29 September 2019. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help) - ↑ „Borac napravio veliki posao: Pao novi potpis!“. Sport1.ba. 29 November 2019. Посетено на 29 November 2019. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help) - ↑ N.K. (23 May 2021). „Borac nakon 10 godina postao prvak Bosne i Hercegovine u nogometu“ (босански). Klix.ba. Посетено на 23 May 2021.
- ↑ „M. Jovanović: Summary“. Soccerway (англиски). Perform Group. Посетено на 13 December 2020.
Надворешни врски
уреди- Марко Јовановиќ (фудбалер 1988) – Профил на службената страница на ФИФА
- Марко Јовановиќ (фудбалер 1988) – Профил на сајтот на УЕФА
- Марко Јовановиќ во Србијафудбал