Марена (Теарце)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Марена“
| |
Местоположба | 42°4′27″N 21°3′9″E / 42.07417° СГШ; 21.05250° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Теарце |
Општина | Теарце |
Тип |
|
Период | римско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Марена — археолошко наоѓалиште во тетовското село Теарце. Претставува населба од римското време и средновековна црква. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото, во нивите што се наоѓаат под патот, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во 1954 година, со истражувањата извршени од Археолошкиот музеј од Скопје на чело со Блага Алексова, биле откриени урнатини од еднокорабна црква со нартекс и остатоци од живопис. Денес таа е возобновена и е посветена на Св. Марена. Од наоѓалиштето потекнува надгробна плоча со латински натпис која се чува во Музејот на тетовскиот крај.[1]
Поврзано
уреди- Црква „Св. Марена“ — денес возобновената црква на местото каде е пронајдена средновековната црква;
- Бигор Слатински — населба од доцната антика;
- Градиште — населба од доцноантичко;
- Железничка Станица — населба од римско време;
- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |