Марго Хертруј Херитсен (холандски: Margot Geertrui Gerritsen, р. во Клотинге, Зеланд, Холандија) е холандско-американски научник. Таа е професор по инженерство на енергетски ресурси и постар продекан за образовни иницијативи при Школата на науки за Земјата, енергетика и животна средина при Стенфордовиот универзитет.[1]

Живот и кариера

уреди

Марго Херитсен е родена во Холандија, каде и ги поминува раните години од својот живот. По магистрирањето во областа на применетата математика при Универзитетот за технологија во Делфт во 1990 година, таа ја напушта својата родна земја и работи низ северна Европа, Колорадо и Џорџија.[2] Во 1997 година, докторира на Стенфордовиот универзитет во областа на бројчена математика и научни бројчени методи. Нејзин ментор за време на докторатот е професорот Џозеф Олиџер.[3] По докторирањето, Херитсен кратко време е дел од наставно-истражувачкиот кадар при Оклендскиот универзитет во Нов Зеланд. Во 2001 година се враќа како професор на универзитетот „Стенфорд.“ [1]

Херитсен моментално живее во Скотс Вали, Калифорнија со својот партнер и син.[2]

Нејзиното истражување е поврзано со компјутерската динамика на флуиди и бројчени симулации за производство на енергија од обновливи извори или фосилни горива. Професор Херитсен исто има работено на проблематики од областа на океанска динамика и дизајн на едреници.[2]

Признанија

уреди

Марго Херитсен е добитник на бројни награди и признанија за нејзината наставна и научно-истражувачка дејност.[1] Меѓу најбитните се вбројуваат:

Библиографија

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Margot Gerritsen's Profile | Stanford Profiles“. profiles.stanford.edu (англиски). Посетено на 2019-07-20.
  2. 2,0 2,1 2,2 „About Margot | Margot Gerritsen“. gerritsn.people.stanford.edu. Архивирано од изворникот на 2019-07-20. Посетено на 2019-07-20.
  3. „Margot Gerritsen - The Mathematics Genealogy Project“. www.genealogy.math.ndsu.nodak.edu. Посетено на 2019-07-20.
  4. University, Stanford (2015-01-20). „Margot Gerritsen to receive 2014 Richard W. Lyman Award“. Stanford News (англиски). Посетено на 2019-07-20.
  5. „SIAM Announces Class of 2018 Fellows“. SIAM News (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-11. Посетено на 2019-07-20.
  6. Naylor, David. „New honorary doctors at Uppsala University - Uppsala University, Sweden“. www.uu.se (англиски). Посетено на 2019-07-20.