Шемница — река извира од Баба Планина. Настанува со соединување на два поголеми потоци и Маловишка Река кои се соединуваат во Маловиште. Од таму течи низ Кажани каде се влеваат повеќе потоци кај селата Кажани, Доленци носејќи вода од масивот Вртешка Баба Планина и Бигла. Кои води кај с. Лера се соединуваат со водите на Ротинска Река и Цапарска Река и водите на доводниот канал на ХМС Стрежево, кој носи големи количини на вода во пролетните месеци од целиот планински масив на Баба Планина од атарите на Кишава, Велушина, Крстоар, Горно Орехово, Буково, Лавци, Брусник, Нижеполе, Дихово, Трново и Магарево.

Шемница
Реката Шемница во селото Лера
Местоположба
Физички особености
УстиеЦрна Река
 • координати
41°06′25″N 21°25′26″E / 41.10694° СГШ; 21.42389° ИГД / 41.10694; 21.42389
Должина46 км
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Карта
Стрежевското Езеро, кое е изградено на реката Шемница

Кај селата Стрежево и Црновец на нејзиниот тек е изградено Стрежевското Езеро, долго околу 8 км со околу 120 милиони кубици вода. Потоа по самото течение на реката и голем број на канали ја наводнува плодната Пелагонија Битолско Поле, кои води потоа се влеваат во Црна Река.