Орехово

село во Општина Битола
(Пренасочено од Горно Орехово)

Орехово или Горно Орехово — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Орехово
Орехово во рамките на Македонија
Орехово
Местоположба на Орехово во Македонија
Орехово на карта

Карта

Координати 40°58′59″N 21°19′0″E / 40.98306° СГШ; 21.31667° ИГД / 40.98306; 21.31667Координати: 40°58′59″N 21°19′0″E / 40.98306° СГШ; 21.31667° ИГД / 40.98306; 21.31667
Општина Битола
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02027
Надм. вис. 1007 м
Орехово на општинската карта

Атарот на Орехово во рамките на општината
Орехово на Ризницата
Орехово во 1903 година

Географија и местоположба уреди

Историја уреди

 
Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово

Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“.

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948316—    
1953310−1.9%
1961279−10.0%
1971261−6.5%
1981286+9.6%
ГодинаНас.±%
199155−80.8%
199439−29.1%
200223−41.0%
20219−60.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[5] Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската каза со 31 куќа.[6] Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 240 316 310 279 261 286 55 39 23 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Орехово е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Србиновци (12 куќи), Бубало (3 куќи) и Туфте (1 куќа), Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково;
  • Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 куќи), Димковци (3 куќи), Анаќијевци (5 куќи), Ѓулевци (4 куќи), Јаневци (6 куќи), Мажевци (5 куќи), Ѓирковци (4 куќи), Пановци (4 куќи), Јанкуловци (4 куќи), Трпевци (2 куќи) и Чедевци (1 куќа), родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, и родовите Анаќијевци и Ѓулевци потекнувале од ист предок.[13]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани уреди

Личности уреди

 
Теодора Стефанова, 7 март 1909 г.[19]

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија.[13]

Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола, прекуокеанските земји и во европските земји.[20]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  14. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  19. The American School of Classical Studies (ASCSA)
  20. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски уреди