Д’мбенска Планина
Д’мбенска Планина (Малимади, Буче, Костолата или Орлово; грчки: Μπούτσι, Буци или Μάλι Μάδι, Мали Мади) — планински масив во западниот дел на Егејска Македонија кој достигнува 1.795 м. Сместен е во јужниот дел на општината Преспа, по границата со Албанија. Крајните југозападни делови на Д’мбенска Планина (гледана во целина) влегуваат во Албанија. Значаен дел од овие планински краишта спаѓаат во историско-географската област Корешта.
Д’мбенска Планина | |
---|---|
Μπούτσι / Μάλι Μάδι | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.795 м |
Координати | 40°38′41″N 21°08′23″E / 40.6446° СГШ; 21.1396° ИГД |
Географија | |
Место | Преспанско и Костурско, Егејска Македонија Деволско, Албанија |
Географски одлики
уредиГеолошка градба
уредиПланината е изградена од седиментни карбонатни карпи, главно бело-сиви тријаски и јурски варовници, а во помала мера и доломити. Има и силикатни карпи. Варовниците се силно закарстени, со мноштво типични површини и подземни облици.[1][2]
Врвови
уредиНајвисока точка е врвот Буче (или Бучје; Ανεμοδαρμένη, Μπούτσι или Πυραμίς) со 1.795 м близу с. Брезница.[3]
Други врвови на планината, дадени по висински редослед, се следниве:[4][5][6][7][8][9][10]
Клима
уредиКлиматските одлики на Д’мбенска Планина се исти како оние на соседниот масив Корбец.
Води
уредиД’мбенска Планина е безводна планина на чии била нема реки со постојан тек. Причина за ова е геолошката градба и претежно карастниот карактер на планината. Планинското било се одвонува од разни кратки суводолици, од кои позначајна е Осово кај Габреш.
Населени места
уредиВо границите на Д’мбенска Планина има 9 села. Од нив три се во Албанија — Капештица, Трстеник и Курила.
Во Егејска Македонија (т.е. во денешна Грција) се селата Смрдеш, Брезница, Габреш, Д’мбени, Косинец, Света Недела и напуштеното село Лобаница.
По јужните падини има пет историски села — Колишта, Селско (или Горјани), Свети Јован, Свети Илија и Умени, напуштени од жителите во немирните времиња на XIX век за да го основат денешното село Косинец.
Во османлиско време Д’мбенска Планина била населена претежно со Македонци. По војните на почетокот од XX век, селата претрпеле значајни промени како во бројноста на жителите, така и во нивниот етнички состав. Некои села значително се смалиле, а други биле напуштени поради масовната преселба во Бугарија, САД, Канада, Австралија и други држави. Со прогонувањето на Македонците, дел од населението се преселило во денешна Македонија. Грчката управа на нивно име населила влашки и грчки семејства, додека пак деволските села го зачувале својот мешан македонско-албански или наполно албански карактер.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Anovski et al. Progress In Study Of Prespa Lake Using Nuclear And Related Techniques, 2001
- ↑ Νταγκουνάκη, Κωνσταντίνα. Αξιολογηση ανθρακικΩν πετρΩματΩν τησ δυτικησ Μακεδονιασ και μελετη εφαρμογησ τουσ σε κεραμικα και υαλουσ, 2006
- ↑ Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 426. ISBN 978-960-86676-6-2.)]
- ↑ Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 3. Ορεινά τοπωνύμια. Βουνά - Κορυφές - Οικισμοί - Καταφύγια - Χιονοδρομικά κέντρα. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 1280. ISBN 978-960-86676-7-9.)]
- ↑ Топографска карта Sheet D4 Korçë, GSGS 4439 Series Reproduced from M.D.R. 610/9877. Greece (Albania) 1:100,000, 1944
- ↑ Топографска карта, лист К-34-127-А Капештица, серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
- ↑ Топографска карта, лист К-34-126-Б Горица (Корча), серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
- ↑ Топографска карта, лист К-34-115-В Желево, серија „Генеральный штаб“ 1:50.000, 1988
- ↑ „Топографска карта, лист 831 Лерин, серија „ТК100" 1:100.000 на Војногеографски институт, ЈНА, 1987“. Архивирано од изворникот на 2022-04-03. Посетено на 2021-09-20.
- ↑ Туристичка карта „Prespa, Vitsi, Voras Walking Map“ 6.2 изд. Anavasi, 1:50,000, 2014