Макс Аман
Макс Аман (германски: Max Amann) (24 ноември 1891 - 30 март 1957) бил нацистички функционер со висок чин во СС, (Обергрупенфирер; Obergruppenführer) политичар и новинар.
Аман е роден на 24 ноември 1891 година, во Минхен. За време на Првата светска војна му бил наредник на Адолф Хитлер. Станал член на претседателството на Нацистичката партија во 1922 и претседател на Медиумската комора (Reichspressekammer) во 1933 година. Исто така бил управник и на издавачката куќа Еер-Верлаг (Eher-Verlag), којашто, меѓу другото, ги издала Хитлеровата книга „Мојата борба“ (Mein Kampf) и списанието на СС „Дас Шварц Корпс“ (Das Schwarze Korps; Црните трупи).
За време на Третиот рајх, тој бил најголемиот стопанственик во Германија од областа на весниците и направил огромен профит од нацизмот. Со оваа позиција, воспоставил нацистичка контрола врз индустријата и постепено ги затворал тие весници што не го поддржувале Хитлеровиот режим целосно.
Како партиски функционер, Аман немал доволно талент, бил слаб говорник и дебатер.[се бара извор] Згора на тоа, неговиот ракопис не бил читлив, па затоа неговиот заменик, Ролф Ранхарт, ги извршувал тие должности наместо него.
По војната бил уапсен од Сојузничките трупи и бил прогласен виновен за неговата голема улога во режимот и осуден на десен годишна принудна работа на 8 септември 1948 година, но бил пуштен во 1953. Исто така го изгубил целиот имот и правото на пензија и умрел во сиромаштија на 30 март 1957, во Минхен.
Многу е веројатно дека Аман бил тој што го убедил Хитлер да ја преименува неговата прва книга од „Четири и пол години (борба) против лагите, глупавоста и малодушноста“ во „Мојата борба“.