Македонски народни инструменти
(Пренасочено од Македонски фолклорни инструменти)
Македонски народни инструменти — музички инструменти што се користат на територијата на Република Македонија и во македонскиот регион каде што живеат Македонците, најчесто за фолклорни дела.
Челно се делат во две групи:
- Традиционални македонски инструменти
- Ориентални македонски инструменти
Традиционални и ориентални
уредиГајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:
- Зурлата и тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.
- Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука).
- Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.