Грнета – народен термин за фабрички произведениот европскиот кларинет од обичен или бемов штим. Во Македонија не се изработува, ами се увезува.

Милан Богески, свирач на грнета „гарнета“ свирејки во с. Долнени, Прилепско поле (1945)

Културната значајност во Македонија

уреди

Репертоарот ѝ е поврзан со репертоарот на составот во кој дејствува. А тоа значи, со репертоарот на чалгаџииските состави, што ќе биде детално изнесен при описот и составот на чалгијата.

Дејствувањето на грнетата може да се подели во две етапи:

  • во ХIХ век и во овој век до втората светска војна, исклучиво како чалгаџиски мелодиски инструмент
  • по втората светска војна, каде надвор од чалгаџиските потреби исто така игра улога и во ансабли и солистички, каде наоѓа мошне поголема примена

Употребата на грнета во македонската инструментална практика, се јавува кон крајот на ХIХ век, во времето на пелачбарството. Наши печалбари испраќале и донесувале кларинетисти. За совладувањето на техниката на свирењето, многу ги придонесле тогашните воени музичари по турските гаринзони.

Од постојаните штимови, најчесто се користи „B“ (Бе) кларинетот.

Распостранет е во сите области на Македонија, како во градовите така и во селата.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди