Дајре
Дајре — вид мал, рачен тапан со една мембрана, растегната на дрвен, а поретко на метален обрач [1]. По должината на обрачот врежани се отвори, во кои се вметнати прапорци или метални плочки.
Инструментот се тресе или удира со рака, или пак се струга по опната или по обрачот, при што прапорците ѕвецкаат.
Дајрето има многу различни форми, но најчеста е кружната. Го има во многу форми на музиката:италијанската народна музика, бугарската народна музика, класичната музика, ромската музика, персиската музика, госпел музиката, поп-музиката и рок-музиката. Зборот дајре, односно tambourin потекнува од средноперсискиот збор tambūr што значи "лира, тапан".[2]
Како фолклорен инструмент дајрето е раширено во Европа уште од средниот век, посебно во земјите на Средоземјето.
Дајрето е одомаќено на Балканот. Се употребува како придружба на танцување или пеење. Дајрето се појавува и во оркестар.
Дајре | |
Класификација | |
---|---|
Скала | |
висок звук на ѕвецкање, плус некои дајриња со кожа имаат ниски звуци | |
Сродни инструменти | |
Историја
уредиДајрето потекнува од Египет, каде Евреите го викале тоф, тимбрел или таберт. Инструментот бил користен исклучиво за религионзи потреби,[3] и споменат е во Стариот завет и во еднинска и во множинска форма. Израелитите научиле да го користат дајрето за време на нивниот престој во Египет, а во единаесеттото издание на Енциклопедија Британика било споменато дека Египќаните го користеле дајрето за да ги избркаат лошите духови.[4]
Дајрето било омилен инструмент на жените кои танцувале свирејќи на дајре, а според библиската пророчица Мирјам, дајрето се користело при победнички песни или во придружба на харфа на банкети и процесии. Ова е ееден од инструментите кои ги користел кралот Давид и неговите музичари кога танцувал пред Заветниот ковчег. Исто така дајрето било употребувано во Геенската долина кај Ерусалим, при жртвување на деца.[4]
-
Старогрчка вазна со насликана девојка која свири на дајре
-
Старогрчка вазна од околу 320 г. п.н.е., на која е насликана жена со дајре)
-
Римски мозаик од Тунис, 3 век п.н.е., Менада со дајре
-
Детал од сликата Рекреација (1896), на Чарлс Спарк Пирс.
Македонско дајре
уредиВо Македонија, дајрето се смета за македонски народен ударен инструмент кој се користи за одржување на ритам. Мембраната на дајрето е направена од козја кожа оптегната врз дрвен обрач. По работ на инструментот лабаво се поставени метални дискови во парови, кои призведуваат кус, кршлив звук кога свирачот удира по дајрето со рачниот зглоб и прстите. Името дајре во македонскиот доаѓа од турскиот јазик, што значи круг. По обичај, дајрето е женски инструмент и понекогаш се користи на слави, свадби.
Дајрето како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Човекот ос дајре“ (Mr. Tambourine Man) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.[5]
Галерија
уреди-
Современо дајре -
Дајре -
Жена со дајре на француска разгледница од 1910-те години
Наводи
уреди- ↑ Даире, Традиционална музика Јужне Србије и Македоније Архивирано на 13 септември 2009 г. срп.
- ↑ „tambourine | Origin and meaning of tambourine by Online Etymology Dictionary“. www.etymonline.com. Посетено на 2018-02-26.
- ↑ Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Schlesinger, Kathleen (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
- ↑ 4,0 4,1 Schlesinger 1911.
- ↑ YouTube, Bob Dylan - Mr. Tambourine Man (Audio) (пристапено на 27.1.2020)
Надворешни врски
уреди„Дајре“ на Ризницата ? |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
- . . 1914.