Ерменци во Македонија

(Пренасочено од Македонски Ерменци)

Ерменците во Македонија (ерменски: Հայերը Հյուսիսային Մակեդոնիայում) претставуваат помала етничка заедница која брои околу 300 луѓе[1]. Но, само уште мал број од нив го зборуваат ерменскиот јазик. Се работи воглавно за западната варијанта на ерменскиот јазик, која ја зборувале Ерменците од територијата на денешна Турција или пак уште нарекуван „ерменски јазик на дијаспората„.

Ерменци во Македонија

Историја

уреди

Ерменските заедници на територијата на денешна Македонија, се следat уште од средниот век, преку бројни документи, патеписни записи од странски патници кои престојувале или минувале низ градовите каде покрај другото население живееле и Ерменци. Економската моќ создала и услови за оформување на поголема ерменска заедница кон крајот на XVIII, а особено во текот на XIX век, кога одреден број на Ерменци се школувале на Универзитетите во Венеција, Виена, Лајпциг па се вратиле во Македонија како познати лекари, аптекари, професори. Тие всушност биле на некој начин дел од јадрото на интелектуалците во градовите во Македонија каде живееле. Поголем бран на доселување на Ерменците е забележан кон крајот на 19 и почетокот на XX век по егзодусот на Ерменците, особено по 1915 година, кога во Скопје се зголемува Ерменската заедница, додека се забележани помали во Тетово, Штип, Прилеп, Кочани и др. Според пописот во 1929 година само во Скопје имало 438 Ерменци.[2], додека во 1935 имало 443.[3]

Денес, Ерменската заедница брои околу 110 семејства, или 300 поединци, кои еднакво ја негуваат ерменската традиција и култура. Од членовите на Ерменската заедница можат да се вбројат воглавно лица што и припаѓаат на онаа генерација луѓе кои морале да ја напуштат Турција за време на геноцидот. Сепак, постои и помал број лица-членови од други земји во кои има ерменска дијаспора или пак од Република Ерменија. Во Македонија функционира здружение на Ерменците, кое има за цел да отвори т.н. саботно училиште за ерменски јазик. Секоја година на 24 април се одржува панихида во Соборниот храм во чест на геноцидот над Ерменците во 1915 година, со што им се оддава почит на загинатите Ерменци. Во 2008 постоела и иницијатива за добивање на загарантира пратеничко место во Македонскиот Парламент.[4]

Значајни личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име A.
  2. „Водич кроз Скопље и околину“, Скопље, 1937,38
  3. „Поглед у статистику Скопља за 1935 г.“, "Скопски Гласник" бр. 396, 1936 , 7.
  4. „И Ерменците бараат еден пратеник“. Вечер. 14 ноември 2008. Посетено на 2011-02-21.[мртва врска]
  5. 5,0 5,1 5,2 „Tavitjan Brothers-Macedonian Ethno Jazz“ (англиски). Meetup. 1 октомври 2010. Посетено на 3 February 2011.
  6. „КОСТА БАЛАБАНОВ, НАУЧНИК И ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА ЈАПОНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Тешкотиите се пребродуваат со оптимизам“. Matica na iselenicite. December 31, 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 3 February 2011.