Луј IV Прекуморски

Луј IV Прекуморски (француски: Louis IV d'Outremer; 92010 септември 954) — крал на Франција (936 — 954).[1]

Луј IV
Дение од време на владеењето на Луј IV, искован Шинон
Крал на Западна Франкија
На престол936–954
Крунисување936 во Лаон
ПретходникРодолф
НаследникЛотар
Роден(а)920 / 921
Лаон
Починал(а)10 септемви 954 (на возраст од 33–34)
Ремс
Почивалиште
СопружникГерберга Саксонска
Деца
Detail
ДинастијаКаролинзи
ТаткоШарл Простодушниот
МајкаОгива од Весекс

Бил син на Шарл III Простодушниот и имал само три години кога благородниците во 922 година го собориле од власт неговиот татко и го поставиле Роберт I од Франција за крал. Шарл III Простодушниот не го прифатил фактот дека е сменет, па со војска тргнал против узурпаторот. Во таа битка Шарл III Простодушниот бил поразен. Откако Роберт I загинал во битка, француски нов крал во 923 година станал Рудолф Бургундиски.[2][3]

Шарл III Простодушниот продолжил да претставува опасност, па го фатиле со измама и го затвориле. Младиот Луј IV избегал со својата мајка на сигурно во Англија, и оттаму го добил прекарот „прекуморски“. Шарл III Простодушниот умрел в затвор во 929 година.

Рудолф Бургундиски владеел до 936 година, кога благородништвото под водство на Иго Велики го поканило Луј IV да дојде во Франција и да ја преземе власта. Луј IV Прекуморски бил крунисан во Лаон на 19 јуни 936 година. Неговиот суверенитет бил многу ограничен. Се обидувал да стекне признание и авторитет од феудалното благородништво и затоа постојано бил во судир со нив. Особено се судрил со моќниот гроф од Париз, Иго Велики.[4]

Во текот на 939 година се судрил со Отон Велики за Лорена. За време на бунтот на благородниците против Отон, војводата од Лорена побегнал кај францускиот крал. Подоцна, по заговор, братот на Отон исто така побегнал во Франција. Отон се здружил со Иго Велики против францускиот крал и ја нападнал Франција со својата војска. Отон Велики се повлекол од Франција дури кога Луј IV ја признал Лорена како германска сопственост. Тие се смириле во 941 година, а Луј IV се оженил со сестрата на Отон.

Паднал од коњ и умрел на 10 септември 954 година.

Наводи

уреди
  1. „Louis IV king of France“. Britannica. Посетено на 24 јануари 2021.(англиски)
  2. „Louis Iv (france)“. Encyclopedia. Посетено на 24 јануари 2021.(англиски)
  3. „Louis IV, King of the Franks“. British Museum. Посетено на 24 јануари 2021.(англиски)
  4. „Death of Louis IV of the West Franks“. History Today. Посетено на 24 јануари 2021.(англиски)