Слубички Округ

округ во Лубушкото Војводство, Полска

Слубички Округ (полски: powiat słubicki) — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Слубице, сместен на 63 км југозападно од Гожув Вјелкополски и 79 км северозападно од Желона Гура. Покрај седиштето, во округот има уште три града: Жепин на 19 км источно, Ошно Лубуске на 25 км североисточно и Цибинка на 24 км југоисточно од Слубице.

Слубички Округ
Powiat słubicki
округ
Знаме на Слубички ОкругГрб на Слубички Округ
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Земја Полска
ВојводствоЛубушко
СедиштеСлубице
Општини
Површина
 • Вкупно999,77 км2 (38,601 ми2)
Население (2019[1])
 • Вкупно47.018
 • Густина0,47/км2 (1,2/ми2)
 • Градскo29.934
 • Селско17.084
Рег. таб.FSL
Мреж. местоpowiatslubicki.pl

Округот зафаќа површина од 999,77 км2 и во 2019 г. броел 47.018 жители. Најнаселено место е Слубице со 16.705 жители, а потоа Жепин со 6.529.

Соседни места

уреди

Слубичкиот Округ се граничи со Гожувскиот на север, Суленќинскиот на исток и Кросненскиот на југ. На запад се граничи со Германија (градот Франкфурт на Одра и окрузите Меркиш-Одерланд и Одра-Шпре).

Административна поделба

уреди

Округот се дели на пет општини од кои четири се градско-селски и една е селска. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2019)
Седиште
Слубице градско-селска 185,4 20.061 Слубице
Жепин градско-селска 191,1 9.745 Жепин
Цибинка градско-селска 279,7 6.492 Цибинка
Ошно Лубуске градско-селска 198,0 6.426 Ошно Лубуске
Гужица селска 145,6 4.294 Гужица

Наводи

уреди
  1. „Population. Size and structure and vital statistics in Poland by territorial division in 2019. As of 30th June“. stat.gov.pl. Statistics Poland. 15 октомври 2019. Посетено на 23 март 2020.

Надворешни врски

уреди