Липјан

историско село во Тетовско

Липјан или Липјане — историско село на територијата на Општина Брвеница, Тетовско. Денес местото е во крајниот северен дел од атарот на с .Челопек.

Липјан
Липјан во рамките на Македонија
Липјан
Местоположба на Липјан во Македонија
Липјан на карта

Карта

Координати 41°57′39″N 21°0′35″E / 41.96083° СГШ; 21.00972° ИГД / 41.96083; 21.00972
Регион  Полошки
Општина  Брвеница
Област Долни Полог
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 422 м

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Долни Полог, на десниот брег на реката Вардар, на околу 1,5 км југозападно од Стримница.

Историја

уреди

Познато е дека селото постоело уште од средниот век, и сè до неговото иселување било населено со Македонци. Во турските документи од 1467-68 г. се спомнува како село со 12 семејства, под надлежност на молк (лице со воени заслуги). Во 1795 г. е спомнато во тапијата на Реџеп-паша, кој селото му го подарува на Тетовското теќе.[2]

Липјан е раселен некаде во првата половина на XIX век. Неколку семејства се преселиле во Челопек (од родовите Трајковци и Гуној), а едно во Жилче (од родот Стојчевци).[3] Тие родови подоцна имале иселеници во Тетово, Скопје, Пловдив и други места.[2]

Во 1896 г. во книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“, Ѓорче Петров го спомнува Липјан како веќе поранешно село, наречено по многуте липи на тоа место. Раскажува дека неговото население останало во сеќавањето како предавничко уште од времето на доаѓањето на Турците, кога самите ги повикале во Тетовско за да им помогнат да им се одмаздат на околните села од кои биле претходно малтретирани.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 51. ISBN 978-9989-2507-3-6.
  3. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  4. Г. Петров, Материали по изучаванието на Македония, София 1896, стр. 455.