Кале (Лешок)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Лешочка тврдина)
Кале

Поглед кон калето

Карта

Местоположба 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Основни податоци
Место Лешок
Општина Теарце
Тип

 населба


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок.[1] Претставува утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на северната страна на селото, на ридот со стрмни карпести страни, каде што се издига во подножјето на планината. Под него тече Лешочка Бистрица низ чија долина минува патот за Шар Планина што продолжува кон Метохија и Јадранот. Врвот на Кале е зарамнет, со форма на трапез (со димензии од 170 × 75 м), со површина од околу 1 ха. На северозападниот агол се наоѓа главната кула, а на источната страна имало две кружни кули. Во средниот век бедемите биле неколкупати обновувани и доградувани. Покрај многубројниот градежен материјал што и денес се гледа, во подножјето биле најдени гробови од доцноантичкото време, монети од IV и VI век, византиски скифати и средновековни српски монети.[2]

Поврзано

уреди
  • Два Бреста — населба од римско време;
  • Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело — населба од римско време;
  • Црквиште — црква од средниот век;
  • Црници — некропола од римско време;
  • Депо — депо од средниот век;
  • Млака — некропола од средниот век;

Наводи

уреди
  1. Кале, Лешок; д-р Радослав Грујиќ, Полошко-Тетовска епархија и манастир Лешок, Гласник скопског научног друштва, XII/6, Скопје 1933.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди