Отвори го главното мени

Летни олимписки игри 1904

Летните олимписки игри одржани во Сент Луис во 1904 година биле 3-те модерни олимписки игри. Игрите се одржале од 1 јули до 23 ноември на тогашниот стадион Френсис Филд.

Грешка во Lua: Неважечки број -4 Зимски олимписки игри
Games of the III Olympiad

Град домаќин
Бр. на држави 12
Бр. на спортисти 651
Натпревари 91 од 17 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: David Francis
Стадион

За домаќин на игрите бил избран градот Чикаго, меѓутоа поради трговската изложба во Лујзијана и неможноста за организирање на 2 големи настани за кратк временски периодм, игрите биле одржани во Сент Луис. Со тоа се согласил и Пјер де Кубертен и за град-домаќин бил избран градот Сент Луис.

На овие Олимписки игри била повторена грешката од игрите во Париз 4 години пред тоа. Впрочем натпреварувачите се натпреварувале и во многу невообичаени дисциплини и прикази од културата.

Игрите биле отворени на 1 јули,а тоа го сторил Дејвид Френсис.

Игрите траеле 4.5 месеци. Спортскиот официјалец Џејмс Едвард Саливен се обидел да организира секојдневни спортски настани коишто биле помешани со други спортски настани. Саливен сите спортски настани ги нарекол „олимписки“. Подоцна Меѓународниот олимписки комитет декларирал дека од нив 94 биле олимписки.

На овие Летни олимписки игри учествувале 651 спортист (645 мажи и 6 жени) од 12 земји кои се натпреварувале на 91 настан во 16 спортови.

СпортовиУреди

Натпреварувачите на 3-те летни олимписки игри се одржале во 18 дисциплини во 16 спортови.

УчеснициУреди

 
Учесници- зелена- учесници коишто претходно учествувале, сино- учесници коишто учествуваат за прв пат

На 3-те летни олимписки игри учествувале 651 спортист од 12 земји.

Освоени медалиУреди

Речиси 80% од натпреварувачите на Летните олимписки игри - 1904 во Сент Луис биле од земјата- домаќин, па и игрите завршиле со нивна доминација. Резултатите коишто биле постигнати биле многу послаби од оние 4 години пред тоа.

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 79 83 80 242
2   Германија 4 4 5 13
3   Куба 4 2 3 9
4   Канада 4 1 1 6
5   Унгарија 2 1 1 4
6   Велика Британија 1 1 0 2
  Мешан тим 1 1 0 2
8   Грција 1 0 1 2
  Швајцарија 1 0 1 2
10   Австрија 0 0 1 1

Надвпрешни врскиУреди