Леонардо Битенкурт

Леонардо Битенкурт (роден на 19 декември 1993) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен.

Леонардо Битенкурт
Лични податоци
Полно име Леонардо Жезус Луреиро Битенкурт
Роден на 19 декември 1993(1993-12-19)(31 г.)
Роден во Лајпциг, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001710000001,71 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 10
Младинска кариера
Енерги Котбус Енерги Котбус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2012 Енерги Котбус II Енерги Котбус II 4 (2)
2010-2012 Енерги Котбус Енерги Котбус 29 (2)
2012-2013 Борусија Дортмунд II Борусија Дортмунд II 12 (1)
2012-2013 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 5 (1)
2013-2015 Хановер 96 Хановер 96 25 (4)
2015-2018 Келн Келн 67 (11)
2018-2019 Хофенхајм Хофенхајм 22 (1)
2019- Вердер Бремен Вердер Бремен 77 (10)
Репрезентација
2011 Германија Германија 19 2 (0)
2013–2015 Германија Германија 21 20 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Животопис

уреди

Битенкурт е роден во Лајпциг, Германија, и е син на Франклин Битенкурт, бразилски поранешен фудбалер кој играл во Германија за ФФБ Лајпциг и Енерги Котбус.[1]

Кариера

уреди

Почетоци и Енерги Котбус

уреди

Битенкурт се приклучил на младинскиот сектор на Енерги Котбус во јули 1999 година, кога имал само 5 години.[2] Оттогаш, тој ги минал сите младински категории во Котбус и потпишал договор со вториот тим во 2010 година.[3] Само една година подоцна, во март 2011 година, тој го направил своето деби со втората екипа на Енерги во поразот со 0-2 до ЗФК Мојзелвиц.[4]

По само уште два настапи со вториот тим, тој добил шанса да го направи својот прв професионален настап дебитирајќи за првиот тим на Енерги Котбус во победата со 3-1 на домашен терен против Дисбург во 2. Бундеслига на 16 април 2011 година; тој влегол во игра од клупата за резерви на местото на србинот Велимир Јовановиќ во 60-та минута од натпреварот.[5]

Откако во сезоната 2010-2011 направил само 3 настапи за првиот тим на Енерги Котбус, следната сезона Битенкурт бил стандарден првотимец во тимот. На 22 јули 2011, тој го постигнал својот прв гол за Котбус во победата со 1-2 на гостувањето кај Дисбург.[6] Добрите игри во неговата прва полусезона како професионалец му донеле трансфер во екипата на Борусија Дортмунд кој бил објавен на 1 декември 2011, но според договорот тој требало да остане во Котбус до крајот на сезоната 2011-2012.[7] Својата прва целосна сезона, ја завршил со 26 натпревари и постигнал 2 гола.

Борусија Дортмунд

уреди

Во летото 2012, Битенкур и се приклучил на Борусија Дортмунд потпишувајќи договор до 30 јуни 2016 година и бил еден од четворицата новодојденци заедно со Марко Ројс, Јулијан Шибер и Оливер Кирх. Иако бил вклучен во составот на првиот тим, тој главно играл за вториот тим на Дортмунд во 3. лига под водството на тренерот Дејвид Вагнер. Своето деби за првиот тим на милионерите во Бундеслигата го имал во поразот со 1-2 на домашен терен во дербито против Шалке 04,[8] a потоа дебитирал и во Лигата на шампионите во натпреварот против Манчестер Сити во последното коло од групната фаза.[9] Својот прв гол за Борусија Дортмунд го постигнал на 16 март 2012, во победата со 5-1 на домашен терен против Фрајбург во лигата.

Хановер, Келн и Хофенхајм

уреди

Откако во Дортмунд не нашол доволно простор за игра, завршувајќи ја сезоната 2012-2013 со само 7 настапи и 1 гол во сите натпреварувања, Битенкурт го напуштил клубот и потпишал четиригодишен договор со Хановер 96 на 18 јуни 2013.[10] На 4 август 2013, го направил своето деби со својот нов клуб, играјќи како стартер во победата со 2-0 против Викторија Хамбург во Купот на Германија; следната недела, на 10 август го одиграл својот прв натпревар за Хановер во Бундеслигата, против Волфсбург. Својот прв гол за 96-ките го постигнал на 14 декември во ремито 3-3 на домашен терен против Нирнберг.

По испаѓањето на Хановер од Бундеслигата во сезоната 2014-2015, на 13 јули 2015 Битенкурт потпишал четиригодишен договор со Келн.[11] Тој бил стандарден првотимец на јарците во своите три сезони во клубот, помагајќи им да го освојат одличното петто место во сезоната 2016-2017 што бил нивен највисок пласман во лигата уште од сезоната 1991-1992. Сепак, следната сезона била многу послаба за Келн и завршила со нивно испаѓање од Првата Бундеслига, откако го заземале последното место во лигата. Вкупно за Келн, Битенкурт одиграл 76 натпревари и постигнал 12 гола.

Откако Келн испаднал, Битанкурт бил продаден во Хофенхајм за 6 милиони евра.[12] Во сезоната 2018-2019, тој одиграл 27 натпревари во сите натпреварувања и постигнал еден гол во победата со 1-4 на гостувањето кај Вердер Бремен во лигата.

Вердер Бремен

уреди

На 2 септември 2019 година, Вердер Бремен го довел Битенкурт на заем до крајот на сезоната.[13] Исто така било објавено дека договорот вклучува обврска Вердер Бремен да потпише траен договор со играчот по завршувањето на сезоната за сума од 7 милиони евра.[14] Своето деби за Вердер го направил на 14 септември, играјќи како стартер во победата со 1-2 на гостувањето кај Унион Берлин.

Репрезентативна кариера

уреди

Битенкурт ја претставувал Германија во две младински селекции: под 19 години и под 21 година.

За репрезентацијата под 21 година тој забележал 20 настапи и 3 гола во периодот 2013-2015 и учествувал со неа на Европското првенство под 21 година 2015 во Чешка.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 1 јуни 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2010-2011   Енерги Котбус II РЛС 4 2 - - - - - - - - - 4 2
2010-2011   Енерги Котбус 3 0 КГ 0 0 - - - - - - 3 0
2011-2012 26 2 КГ 1 0 - - - - - - 27 2
Вкупно Енерги Котбус 29 2 1 0 - - - - 30 2
2012-2013   Борусија Дортмунд II 12 1 КГ 0 0 - - - - - - 12 1
2012-2013   Борусија Дортмунд 5 1 КГ 1 0 ЛШ 1 0 СГ 0 0 7 1
2013-2014   Хановер 96 31 4 КГ 2 0 - - - - - - 33 4
2014-2015 26 1 КГ 2 0 - - - - - - 28 1
Вкупно Хановер 57 5 4 0 - - - - 61 5
2015-2016   Келн 29 3 КГ 1 0 - - - - - - 30 3
2016-2017 16 3 КГ 2 0 - - - - - - 18 3
2017-2018 22 5 КГ 2 1 ЛЕ 4 0 - - - 28 6
Вкупно Келн 67 11 5 1 4 0 - - 76 12
2018-2019   Хофенхајм 21 1 КГ 2 0 ЛШ 3 0 - - - 26 1
авг. 2019 1 0 КГ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Хофенхајм 22 1 2 0 3 0 - - 27 1
2019-2020   Вердер Бремен 23 4 КГ 3 2 - - - - - - 26 6
Вкупно во кариерата 219 27 16 3 8 0 - - 243 30

Наводи

уреди
  1. Fligge, Sascha (1 December 2011). „Bittencourt wechselt zum BVB“ (германски). RuhrNachrichten.de. Посетено на 1 December 2011.
  2. „Leonardo Bittencourt“. FC Energie Cottbus. Архивирано од изворникот на 2016-01-11. Посетено на 2020-05-31.
  3. focus.de: Cottbus bindet U17-Spieler Bittencourt Архивирано на 19 септември 2018 г., 29 април 2010, пристапено на 31 мај 2020
  4. kicker.de: ZFC Meuselwitz - Energie Cottbus II 2:0, 2 март 2011, пристапено на 31 мај 2020
  5. kicker.de: Petersen erzielt Doppelpack und bereitet vor, 16 април 2011, пристапено на 31 мај 2020
  6. kicker.de: Bittencourts Tor sichert die weiße Weste, 22 јули 2011, пристапено на 31 мај 2020
  7. kicker.de: Vertrag bis 2016: BVB holt Bittencourt, 1 декември 2011, пристапено 31 мај 2020
  8. kicker.de: Höger veredelt die Traumkombination, 20 октомври 2012, пристапено на 31 мај 2020
  9. kicker.de: Schieber krönt eine furiose Gruppenphase, 4 декември 2012, пристапено на 31 мај 2020
  10. „Hannover holt BVB-Talent Bittencourt“ (германски). bundesliga.de. 18 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-21. Посетено на 18 јуни 2013.
  11. „LEONARDO BITTENCOURT SIGNS FOR 1. FC KÖLN“. 1. FC Köln. 14 July 2015. Архивирано од изворникот на 14 July 2015.
  12. https://www.swr.de/sport/fussball/bundesliga/1899-hoffenheim/Bundesliga-TSG-1899-Hoffenheim,bittencourt-102.html Архивирано на 1 јули 2018 г..SWR.de[мртва врска]. Retrieved 1 July 2018
  13. „Leonardo Bittencourt joins on loan from Hoffenheim“. SV Werder Bremen. 2 September 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-02. Посетено на 2 September 2019.
  14. Philippsen, Petra (2 September 2019). „Werder zaubert im Transferendspurt Bittencourt aus dem Hut“. Buten und Binnen (германски). Radio Bremen. Архивирано од изворникот на 2019-09-14. Посетено на 2 September 2019.

Надворешни врски

уреди