Леди Макбет од Мценскиот Округ (опера)

Леди Макбет од Мценскиот Округ (Леди Макбет Мценского уезда) — опера во четири чина на рускиот композитор Дмитриј Шостакович, опус 29. Композиторот подоцна ја преработил операта под ново име „Катерина Измајлова“ (Катерина Измайлова), опус 114, во кој додал два нови интерлудии, детално ја преработил третата сцена од првиот чин, а на други места направил мали измени. Шостакович ја претпочитал новата верзија, но по неговата смрт, првата верзија, опус 29, со некои рани промени, се изведува почесто.

„Катарина Измајлова“, опера од Дмитриј Шостакович, Свитлана Декар (сопран), Анатолиј Пономарев (тенор), СНП, Нови Сад, 2006/07. Фотографијата е дел од фото колекцијата на Српскиот народен театар .
„Катарина Измајлова“, опера од Дмитриј Шостакович; Бранислав Јатиќ (бас), СНП, Нови Сад, 2006/07. Фотографијата е дел од фото колекцијата на Српскиот народен театар.

Операта зборува за осамена жена во Русија од 19 век, која се заљубува во еден од слугите и поради него го убива прво свекорот, а потоа и својот сопруг. Делото, иако е со помодерен стил, содржи и елементи на експресионизам и веризам.

Александар Прејс и Дмитриј Шостакович според истоимената приказна на Николај Лесков.

Премиера

уреди
  • Прва верзија - „Леди Макбет од Мценскиот Округ“, опус 29.
22 јануари 1934 година, Ленинград
  • Втора верзија - „Катерина Измајлова“, опус 114.
26 декември 1962 година, Москва

Ликови и улоги

уреди
Борис Тимофеевич Измаилова трговец висок бас
Зиновиј Борисович Измаилов неговиот син тенор
Катерина Љвовна Измајлова сопруга на Зиновиј Борисович сопран
Сергеј работник кај Измајлови тенор
Аксиња работник кај Измајлови сопран
Парталко (селски пијаница) работник кај Измајлови тенор
Надзорник работник кај Измајлови бас
Куќопазител работник кај Измајлови бас
Прв работник кај Измајлови тенор
Втор работник кај Измајлови тенор
Свештеник бас
Полициски инспектор бас
Локален нихилист тенор
Полицаец бас
Стар робијаш бас
Соњетка робијашка алт
Робијашка сопран
Подофицер бас
Стражар бас
Духот на Борис Тимофеевич бас хор

Работници кај Измајлови - Гости на свадба - Полицајци - Затвореници и затворенички - Вооружени придружници на конвојот

Содржина

уреди

I чин

уреди

Сцена 1.

уреди

Собата на Катерина: Катерина е несреќно мажена за Зиновиј, богат трговски син. Се жали на својата осаменост. Нејзиниот свекор Борис Тимофеевич ја обвинува што и по пет години брак, Зиновиј сè уште нема наследници. Но, таа го обвинува сопругот кој не е заинтересиран за неа. Зиновиј заминува затоа што им паднала брана на воденицата и Борис ја тера Катерина да се заколне на иконата дека ќе му биде верна. Слугинката Аксиња ѝ кажува на Катерина за новиот работник, Сергеј, дека е познат женкар и дека го избркале од последната работа затоа што се заплеткал со газдарицата.

Сцена 2.

уреди

Двор кај Измајлови: Сергеј и мажите вработени кај Измајлови се поигруваат со Аксиња. Катерина ги прекинува и ги обвинува дека се поигруваат со неа само затоа што е жена. Сергеј ја предизвикува на двобој со борење. Тој е посилен од неа и ја соборува, но Катерина го повлекува со себе. Борис ги затекнува такви и, иако Катерина се правда дека се сопнала и паднала, тој сè уште се сомнева и се заканува дека сè ќе му каже на Зиновиј кога ќе се врати дома.

Сцена 3.

уреди

Собата на Катерина: Катерина се подготвува за спиење. Сергеј доаѓа под изговор дека сака да позајми книга затоа што му е досадно. Влегува во разговор со Катерина и успева да ја заведе.

II чин

уреди

Сцена 4.

уреди

Двор: Ноќ е, една недела подоцна. Борис изгледа слушнал некого во дворот и тргнал во обиколка. Го гледа Сергеј како излегува од собата на Катерина низ прозорецот. Го фатил и го камшикувал, а потоа го затворил в подрум. Катерина му донела печурки што останале од вечерата, во кои ставила отров за глувци. Додека Борис умира, таа ги зема клучевите и го ослободува Сергеј. На смртната постела Борис вели дека е цркнува како стаорец и повторува „таа, таа!“ Но, никој не го разбира тоа.

Сцена 5.

уреди

Собата на Катерина: Катерина и Сергеј се заедно. Откако тој заспива, нејзе ѝ се јавува духот на Борис. Одеднаш, се слуша некој во ходникот: Зиновиј се врати. Сергеј се сокрива, но Зиновиј забележува дека креветот за е наместен за двајца и наоѓа машки појас до креветот. Ја сфаќа вистината и почнува да ја тепа Катерина, но Сергеј истрчува и го убива. Во темнината, Катерина и Сергеј го кријат телото на Зиновиј во подрумот.

III чин

уреди

Сцена 6.

уреди

Дворот на Измајлови, покрај подрумот: Катерина и Сергеј се подготвуваат за венчавка. Катерина постојано се плаши дека некој ќе го открие телото на Зиновиј. Тие заминуваат, а пијаницата ја користи приликата да се прикраде и да го обие подрумот, бидејќи гледа дека газдарицата постојано го обиколува влезот и мисли дека долу крие вотка. Кога го видел телото, отрчал во полиција.

Сцена 7.

уреди

Полициска станица: Полицајците се жалат на малата плата и ја критикуваат Катерина Измајлова што не ги поканила на свадба. Сепак, тие се надеваат дека ќе имаат некоја причина да одат таму. Кога пијаницата упаѓа и им раскажува за трупот, тие среќно брзаат по него.

Сцена 8.

уреди

Градина кај Измајлови: Сите гости се веќе пијани и дремат. Катерина забележува дека вратата од подрумот е скршена и исплашена го тера Сергеј да ги земе парите од куќата и да побегнат. Но, полицијата пристигнува и тие се предаваат.

IV чин

уреди

Сцена 9.

уреди

Привремен камп за осуденици: Меѓу осудените кои одат во Сибир се Катерина и Сергеј. Таа му плаќа на стражарот да ја пушти кај Сергеј, кого сè уште го сака, но тој ја обвинува за сѐ и ја брка. Кога Катерина заминува, Сергеј се обидува да заведе друга затвореничка, Сонетка. Таа бара доказ за неговата љубов и вели дека ѝ е многу ладно во нозете. Сергеј ја мами Катерина да му ги даде своите чизми, а ѝ ги дава на Сонетка. Таа и останатите осуденички ја исмеваат Катерина. Таа збеснала, ја грабнала Сонетка и ја фрлила во ледената река, а потоа се фрлила по неа. Стражарите ги собираат затворениците и ги принудуваат да продолжат понатаму.

Надворешни врски

уреди
  • Музика
    • Комплетна опера во формат (Катерина Измајлова - Галина Вишневскаја, Сергеј - Николај Геда, диригент - Мстислав Ростропович и Хорот на Амборизиската опера и Лондонскиот филхармониски оркестар)