Лебедово Окно е специјален резерват на природата кој се наоѓа во Србија, во општина Бела Црква, во Јужнобанатското подрачје.

Специјален резерват на природата Лебедово Окно
МСЗП —живеалиште/подрачје под управа со видови)
МестоСрбија
Најблизок градБела Црква
Површина37,33
Воспоставен(а)2006. година
Управно телоСрбија

Особености

уреди

Лебедово Окно го опфаќа подрачјето на Дунав и неговите поплавени делови во јужниот дел од Панонската низина. Сместено е меѓу Делиблатското Песочиште на север и Рамското Езеро на југ. Подрачјето го опфаќа текот и бреговите на Дунав, речниот остров Жилава и Чибуклија, потопените меандри на Караш, устието на Нера, Ада Завојска, Дунавче и тесниот дел од десниот брег на Дунав.

Резерватот настанал со забавување на текот на Дунав по изградбата на акумулациското езеро Ѓердап. Името го добило затоа што дел од Големото блато секоја година го населуваат лебеди. На брегот на песокливите делови нема ни извори ни водени текови, додека во алувијалните рамнини на Дунав постојат подземни води кои формираат бари кои на повисоки водостои од реката, и при поплави, се спојуваат и меѓусебно и со коритото на реката.

Водените живеалишта се екосистеми на реките, речните плитоци, поплавените шуми и слатководните мочуришта, па затоа и покажуваат голема разновидност на живиот свет. Од флората се менуваат различни растителни заедници: водни, мочуришни, хидрофилно-ливадски, шумски, до степски пасишта. Од загрозените растителни видови се среќаваат белиот и жолтиот лотус, а во влажните шуми има врби, тополи, црн глог, даб и разни видови на габи.

 
Црн ибис (Plegadis falcinellus)

Ова подрачје е најзначајно место за гнездење, зимување, и е миграциска станица на барски птици во Србија. Тука се гнездат 55 вида на водни птици од кои голем дел се на списокот на загрозени видови. Резерватот е најважно зимувалиште на Балканот за обичната белочелна гуска, сивата гуска, белоопашестиот орел, гусковидната патка и црниот орел. Местото е најважно гнездилиште на малиот вранец во Србија и единствено место за гнездење на црниот ибис. Секоја година во овој резерват живеат околу 20,000 мочуришни птици, а во текот на преселбите при гнездење или зимување се собираат и преку 40,000 единки од малата чапја, белата кокаљка и црвеноглавата шатка. Во песочниот дел на Дунав се наоѓа најголемото јато на брегови ластовички со околу 15,000 парови.

Плитките води и блатото на Дунав се идеално место за мрестење на многу видови на риби. Има околу 50 вида на риби, од кои најзначајни се: крапот, штуката, белата риба, кечигови риби и други.

Фауната се одликува и со богатство на мекотели и прстенести црви, како што се речни школки, полжави и пијавици.

Има околу 15,000 видови на инсекти. Голем дел од инсектите се врзани за песокливите живеалишта на бреговите од реката. Тука спаѓаат осата-копачкастеницитврдокрилци, меѓу кои има бројни ендеми

Во степските заедници живее пајакот крстач. Во водените биотопи се среќаваат: комарцитевилинските коњчињаводениот пајак и речниот рак.  Подрачјето е богато и со голем број на видови на водоземци и влекачи, како на пример: степскиот гуштерстепскиот смок, жабата црвеномешеста бумка (Bombina bombina), зелен гуштер (Lacerta viridis) и други.   

Од 39 видови на цицачи најзначајно е слепото куче, кое е на Црвениот список на загрозени видови во светот. Ова подрачје е нивната најзначајна репродуктивна оаза во Панонската низина.

На ова подрачје живеат и неколку загрозени видови на лилјаци кои со својата исхрана се врзани за водените и мочуришните живеалишта. Во барско-мочуришните екосистеми живее и микропопулација на видри.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Мала енциклопедија, Просвета (3 изд.), Белград: Просвета. 1985 г.
  • Марковиќ, Ј. (1990) Енциклопедиски географски лексикон на Југославија. Сараево: Свјетлост.

Надворешни врски

уреди