Оса-копач
Оси-копачи | |
---|---|
Син штуроловец, Sphex pensylvanicus | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Ципокрилци |
Подред: | Тенкостомачни |
Натсемејство: | Пчеловидни |
Семејство: | Тенкостомачни оси |
Потсемејство: | Тенкостомачни оси |
Племе: | Тенкостомачни оси |
Род: | Оси-копачи Линеј, 1758 |
Видови | |
Над 130; погледајте во текстот |
Осите-копачи (лат. Sphex) е космополитски род на грабливци од семејството Тенкостомачни оси кои својот плен го убодуваат и парализираат. Постојат над 130 познати видови на вакви оси. Пред да положи јајца, осата спрема „гнездо“ (некои видови гнездото го копаат во земја, а пак други се гнездат во постоечки дупки) и ставаат залихи од фатени инсекти. Пленот го оставаат жив, но парализиран од токсичните материи. Потоа осите ги поставуваат јајцата во вака приготвеното гнездо. Кога осините ларви ќе излезат, тие е хранат со парализираните инсекти.
Добро познат вид на вакви оси е големата златна оса-копач (Sphex ichneumoneus) која живее во Северна Америка. Нејзините млади презимуваат во гнездото. Кога ќе достигнат возраст, осите во себе веќе имаат генетски програмирано поведение и постапки кои се потребни за уште една сезона на изградба на гнездо и нов пород. Во текот на летото една женка гради и до шест гнезда, секое со џебови за јајца. Изградбата и снабдувањето со залихи на гнездото се врши на мошне стереотипен начин, при што секој чекор е строго предодреден.