Лабрадорско Море

море

Лабрадорско Море (англиски: Labrador Sea, француски: mer du Labrador) — ракав на Северниот Атлантски Океан помеѓу полуостровот Лабрадор и Гренланд. Морето граничи со континентални прагови на југозапад, северозапад и североисток, а на север е поврзано со Бафиновиот Залив преку Дејвисовиот Проток.[3]

Лабрадорско Море
Залез над Лабрадорското Море, гледан од Памиут, Гренланд
Координати61°N 56°W / 61° СГШ; 56° ЗГД / 61; -56 (Лабрадорско Море)
Видморе
Сливни земјиКанада, Гренланд
Најг. должина1.000 км
Најг. ширина900 км
Површина&10000000000000841000000841,000 км2
Прос. длабочина1.898 м
Најг. длабочина4.316 м
Наводи[1][2]

Морето настанало со одделувањето на Северноамериканската од Гренландската Плоча, кое започнало пред 60 милиони години и завршило 20 милиони години подоцна. Во него се наоѓаат најголемиот проток на матна (наносна) струја на светот, наречен Северозападноатлантски средноокеански канал, кој се протега илјадници километри долж морското дно кон Атлантскиот Океан.

Лабрадорското Море претставува главен извор на Северноатлантската длабока вода — студена водна маса на голема длабочина долж западниот раб на Северниот Атлантик, која се простира надалеку и ја образува најголемата препознатлива водена маса во светскиот океан.

Поларните култури низ историјата

Настанок

уреди

Морето настанало со одделувањето на Северноамериканската и Гренландската Плоча кое почнало пред 60 милиони години (во палеоценот) и запрело 20 милиони години подоцна.[2] За време на кредата се образувал таложен слив, кој денес е потрупан со континенталните прагови.[2] Магматското ширење на морското дно било проследено со вулкански ерупции на пикрити и базалти во палеоценот ви Дејвисовиот Проток и Бафиновиот Залив.[2]

Помеѓу 500 г. п.н.е. and 1300 г. н.е., на јужните брегови на морето живеело дорсетско, беотучко и инуитско население; подоцна дорсетските племиња биле истиснати од народот Туле.[4]

Опфат

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Лабрадорското Море ги има следниве граници:[5]

На север: јужната граница на Дејвисовиот Проток [напоредникот 60° СГШ помеѓу Гренланд и Лабрадор].

На исток: линија од ’ртот Свети Франциск 47°45′N 52°27′W / 47.750° СГШ; 52.450° ЗГД / 47.750; -52.450 (’рт Свети Франциск) (Њуфаундленд) до ’ртот Фарвел (Гренланд).

На запад: источниот брег на Лабрадор и Њуфаундленд и североисточната граница на заливот Свети Лаврентиј — линија која се протега од ’ртот Болд (северна точка на островот Кирпон, 51°40′N 55°25′W / 51.667° СГШ; 55.417° ЗГД / 51.667; -55.417 (’рт Болд)) до источниот крај на островот Бел Ил и потоа до североисточниот раб (52°02′N 55°15′W / 52.033° СГШ; 55.250° ЗГД / 52.033; -55.250 (Бел Ил)). Оттука, линија од овој раб до источниот крај на ’ртот Сент Чарлс (52°13' СГШ) во Лабрадор.

Географија, геологија и батиметрија

уреди
 
Поважните северноатлантски струи

Лабрадорското Море е длабоко околу 3.400 м и широко 1.000 км на местото кајшто преоѓа во Атлантскот Океан. Кон Бафиновиот Залив станува поплитко (700 м) и преминува во Дејвисовиот Проток, широк 300 км.[2] По морското дно кај средиштето на морето, од Хадсоновиот Проток до Атлантикот е сместен каналскиот систем на матна струја, кој е широк 2-5 км, долг 3.800 км и на длабочина пд 100–200 м.[6][7] Се нарекува Северозападноатлантски средноокеански канал и претставува еден од најдолгите сливни системи на светот од плеистоценско време.[8] Има облик на подводно речно корито со бројни притоки, образувано од густи матни струи кои течат низ насипите.[9]

Температурата на водата се движи од -1 °C зиме до 5-6 °C лете. Соленоста е релативно ниска (31–34,9). Во текот на зимата, две третини од морето е под мраз. Плимата и осеката се полудневни (т.е. се јауваат двапати дневно) и имаат досег од 4 м.[1]

Водата во морето кружи во лева насока. Почнува со Источногренландската и продолжува со Западногренландската струја, која носи потопла и посолена вода на север по греналдското крајбрежје до Бафиновиот Залив. Потоа, Бафиновата и Лабрадорската струја пренесуваат постудена и помалку солена вода кон југ, долж канадското крајбрежје. Овие струи носат голем број санти, кои го попречуваат пловството и испитувањето на наоѓалиштата на земен гас под морското дно.[3][10] Лабрадорската струја обично се движи со 0,3-0,5 м/сек, но на некои места може да достигне 1 м/сек,[11] додека пак Бафиновата струја е нешто побавна со 0,2 м/сек.[12] Лабрадорската струја ја држи температурата на 0 °C и соленоста на 30 и 34‰.[13]

Морето дава голем дел Северноатлатнската длабока вода — студена водна маса што се движи на голема слабочина по западниот раб на Северниот Атлантик.[14] Оваа вода има три слоја со различно потекло и соленост, од кои најгорниот (Лабрадорската вода) се образува во Лабрадорското Море. Овој дел е на средна длабочина и има релативно мала соленост (34,84–34,89‰), ниска температура (3,3-3,4 °C) и големо количество кислород во споредба со слоевите над и под него. Лабрадорската вода има и релативно мала врложност, што значи дека е мошне еднолична. Со потенцијална густина од 27,76–27,78 мг/см3 таа е погуста и тоне под горниот слоеви, останува еднообразна и не е засегната од површинските колебања.[15]

Фауна

уреди

Северните и западните делови на Лабрадорското Море се покриени со мраз од декември до јуни. Занесениот мраз плови по водата и служи како размножувалиште на фоките. Во морето се храни и атлантскиот лосос, како и неколку други морски животни. Стопанскиот улов на ракчиња започнал во 1978 г. и се засилил кон 2000 г. Во морето масовно се ловел и бакалар, што довело до големо осиромашување на рибниот фонд и затоа ловот е прекинат во 1992 г.[10] Други риболовни видови се пишмолот, атлантската харинга, јастогот, неколку видови риба-лист и среднодлабински риби како песочници и капелини. Најбројни се во јужните делови на морето.[16]

Белугите изобилуваат на северот во Бафиновиот Залив, каде нивната бројност достигнува 20.000 единки, но истите се ретки во Лабрадорското Море, особено од 1950-тите наваму.[17] Во морето живее едно од двете најголеми населенија на Рудолфиеви китови (сејвали), при што другата е над плочата на Скоша. Често се среќаваат и остроклуниот кит и клунестите китови.[18]

 
Цвет на лабрадорскиот чај

Лабрадорската патка била мошне застапена птица на канадското крајбрежје сè до XIX век, но денес е изумрена.[19] Други крајбрежни животни се лабрадорскиот волк (Canis lupus labradorius),[20][21] ирвасот (Rangifer spp.), лосот (Alces alces), црната мечка (Ursus americanus), црвената лисица (Vulpes vulpes), поларната лисица (Alopex lagopus), лакомецот, американскиот зајак (Lepus americanus), тетребот (Dendragapus spp.), орелот-рибар (Pandion haliaetus), гавранот (Corvus corax), патките, гуските, еребицата и фазанот.[22][23]

Флора

уреди

По крајбрежјето виреат растителни видови како црната смрча (Picea mariana), американскиот ариш (Larix laricina), сивата смрча (P. glauca), џуџестата бреза (Betula spp.), трепетликата (Populus tremuloides), врбата (Salix spp.), вресовите (Ericaceae), ветрогонот (Eriophorum spp.), остриката (Carex spp.), лишаите и мововите.[23] Често се среќава и зимзелената грмушка лабрадорски чај од која се прави топол напиток како на гренландското, така и на канадското крајбрежје.[24]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Лабрадор“. Голема советска енциклопедија.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  3. 3,0 3,1 Encyclopædia Britannica. „Labrador Sea“. Посетено на 2008-02-03.
  4. Grønlands forhistorie, ed. Hans Christian Gulløv, Gyldendal 2005, ISBN 87-02-01724-5
  5. „Limits of Oceans and Seas, 3rd edition“ (PDF). International Hydrographic Organization. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 February 2010.
  6. „Ice-sheet sourced juxtaposed turbidite systems in Labrador Sea“. Geoscience Canada. 24 (1): 3.
  7. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  8. Hesse, R., Klauck, I., Khodabakhsh, S. & Ryan, W. B. F. (1997). Thomas A. Davies (уред.). Glaciated continental margins: an atlas of acoustic images. Glacimarine drainage systems in the deep-sea: the NAMOC system of the Labrador Sea and its sibling. Springer. стр. 286. ISBN 0-412-79340-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Einsele, Gerhard (2000). Sedimentary basins: evolution, facies, and sediment budget. Springer. стр. 234. ISBN 3-540-66193-X.
  10. 10,0 10,1 The Canadian Encyclopedia. „Labrador Sea“. Архивирано од изворникот на 2011-11-13. Посетено на 2008-02-03.
  11. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  12. Encyclopædia Britannica. „Baffin Current“. Посетено на 2010-02-03.
  13. Encyclopædia Britannica. „Labrador Current“. Посетено на 2010-02-03.
  14. Wallace Gary Ernst (2000). Earth systems: processes and issues. Cambridge University Press. стр. 179. ISBN 0-521-47895-2.
  15. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)[мртва врска]
  16. National Research Council (U.S.) (1981). Maritime services to support polar resource development. стр. 6–7.
  17. COSEWIC Assessment and Update Status Report on the Beluga Whale. Dsp-psd.pwgsc.gc.ca (2012-07-31). посет. 20 март 2013 г.
  18. Anthony Bertram Dickinson; Chesley W. Sanger (2005). Twentieth-century shore-station whaling in Newfoundland and Labrador. McGill-Queen's Press – MQUP. стр. 16–17. ISBN 0-7735-2881-4.
  19. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  20. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  21. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  22. Anonymous (2006). The Moravians in Labrador. стр. 9–11. ISBN 1-4068-0512-2.
  23. 23,0 23,1 „Eastern Canadian Shield taiga“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)
  24. Ledum groenlandicum Oeder – Labrador Tea. (PDF) . посет. 20 март 2013 г