Куоминтанг (KMT) (традиционален кинески :中國國民黨, поедноставен кинески :中国国兰党), позната и како Гуоминданг (GMD), [11] Националистичка партија на Кина (NPC) или Кинеска националистичка партија (CNP), [1] ― голема конзервативна политичка партија во Република Кина, прво во континентална Кина а по 1949 година во Тајван.

<div style="padding-top:0.3em; padding-bottom:0.3em; border-top:2px solid Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Political party/K' not found; border-bottom:2px solid Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Political party/K' not found; line-height: 1;">
Куоминтанг
中國國民黨
Zhōngguó Guómíndǎng
Chungkuo Kuomintang
Other nameКинеска националистичка партија[1]
ПретседателЕрик Чу
Основанаоктомври 10, 1919; пред 104 години (1919-10-10)
ШтабТајпеј, Тајван[2]
ВесникCentral Daily News
Членови  (2020)345,971[3]
Идеологија
Полит. положбаДесен центар[10]
БоиСина
Мрежно место
www1.kmt.org.tw/english/index.aspx Уредете го ова на Википодатоците
Политика на Република Кина
Политички партии
Избори
Политика на Кина
Партии
Избори

Таа била единствена партија во Кина за време на републиканската ера од 1928 до 1949 година, кога поголем дел од континентална Кина била под нејзина контрола.

Историја

уреди

Основање и времето на Сун Јат-сен

уреди
 
Револуционерната армија го напаѓа Нанџинг во 1911 година
 
КМТ го почитува својот основач, Сун Јат-сен, како „Татко на нацијата“

Идеолог и организатор на Куоминтанг е д-р Сун Јат-сен, поддржувач на кинеската националистичка идеја, кој на 24 ноември 1894 година во Хонолулу, Хаваи, го основал Друштвото за преродба на Кина.[12] Во 1905 година, Сун Јат-сен се приклучил на другите антимонархистички движења во Токио, и заедно ја основале Револуционерната алијанса, која имала за цел да ја собори династијата Ќинг и воспоставувањето република.

Алијансата била вклучена во планирањето на Синхајската револуција од 1911 година и основањето на Република Кина на 1 јануари 1912 година. Сун немал воена моќ и бил принуден да ја отстапи функцијата „Привремен претседател на Републиката“ на милитаристот Јуан Шикаи, кој на 12 февруари го организирал абдицирањето на последниот кинески цар, Пуји.

Куоминтанг е основан на 25 август 1912 година во Пекинг, каде што Револуционерниот сојуз и неколку мали револуционерни партии ги здружиле силите за да учествуваат на првите национални избори. [13] Сун бил избран за претседател на партијата со Хуанг Ксинг станал негов заменик.

Највлијателен член на партијата бил треторангираниот Сонг Џиаорен, која обезбедил огромна поддршка за партијата од аристократијата и трговците кои поддржувале уставна парламентарна демократија. Членовите на Куоминтанг се гледале себеси како пречка за владеењето на Јуан Шикаи, а уставните монархисти станале нивен главен политички противник. Во декември 1912 година, Куоминтанг добил огромно мнозинство во Народното собрание на Република Кина.

Сепак, Јуан набрзо почнал да го игнорира парламентот при донесувањето на претседателските одлуки. Сонг Џиаорен бил убиен во Шангај во 1913 година. Членовите на националистите, предводени од Сун Јат-сен, се посомневале дека Јуан стои зад заговорот и во јули 1913 година ја организирале Втората револуција, лошо испланирана и недоволно поддржан бунт за соборување на Јуан. Револуцијата не била успешна. Јуан, повикувајќи се на субверзивност и предавство, ги избркал приврзаниците на КМТ од парламентот.[14] [15] Јуан ги распуштил националистите, чии членови претежно избегале во егзил во Јапонија, а на почетокот од 1914 година го распуштил парламентот.

Јуан Шикаи, во декември 1915 година се самопрогласил за цар. Додека бил во прогон во Јапонија во 1914 година, Сун Јат-сен ја основал Кинеската револуционерна партија со поддршка на Чанг Кај Шек и Чен Кимеи, но многу негови поранешни сопартијци, како Хуанг Ксинг, Ванг Џингвеи, Ху Ханминг и Чен Џионгминг, одбиле да му се придружат и подоцна не ја поддржале неговата намера да подигне нов вооружен бунт против Јуан Шикаи. Новите членови на Кинеската револуционерна партија положувале заклетва за верност кон Сун Јат-сен, а многу револуционери ова го сметале за антидемократски тренд кој е во спротивност на духот на револуцијата.

Сун Јат-сен се вратил во Кина во 1917 година и основал своја влада во Кантон но набрзо бил протеран и принуден да побегне во Шангај. На 10 октомври 1919 година, тој ја возобновил својата партија, и ја нарекол „Кинески Куоминтанг“ (中國國民黨) и во 1920 година го основал нејзиното седиште во Кантон.

Во 1923 година, КМТ и нејзината кантонска влада ја прифатиле помошта од Советскиот Сојуз, откако западните сили не ги признавале. Советските советници - од кои најистакнат бил Михаил Бородин, агент на Коминтерната - пристигнале во Кина во 1923 година за да помогнат во реорганизацијата и консолидацијата на КМТ по терк на Руската комунистичка партија (болшевиците), и воспоставиле ленинистичка партиска структура која опстоила до 1990-тите. Кинеската комунистичка партија (ККП) од Коминтерната добивала инструкции да соработува со КМТ, а нејзините членови можеле да се приклучат на КМТ ако го задржат својот посебен партиски идентитет. Така се создал Првиот обединет фронт меѓу двете партии. Мао Це Тунг и првите членови на ККП, исто така, се приклучиле на КМТ во 1923 година.

За време на Чанг Кај-Шек во континентална Кина

уреди
 
Чанг Кај-шек, станал водач на Куоминтанг по смртта на Сун во 1925 година

По смртта на Сун Јат-сен во 1925 година, политичкото раководство на партијата преминало на лево ориентираниот член Ванг Џингвеи и десно ориентираниот член Ху Ханминг. Сепак, вистинската моќ била во рацете на Чанг Кај-шек, кој како началник на Воената академија Вампоа речиси целосно ја контролирал војската. Со својата воена супериорност, КМТ го потврди своето владеење со Кантон, главниот град на провинцијата Гуангдунг. Воените лидери од таму се обврзале на лојалност кон КМТ. КМТ станала конкурентска влада во опозиција на владата предводена од воениот лидер Бејанг со седиште во Пекинг.[16]

Чианг го презел претседателството на КМТ на 6 јули 1926 година. За разлика од Сун Јат-сен, Чанг Кај Шек речиси немал европски пријатели и не бил особено запознаен со западната култура. Речиси сите политички, економски и револуционерни идеи Сун Јат-сен ги позајмил од западни извори, кои ги проучувал додека бил на Хаваи, а подоцна и во Европа. Чанг Кај Шек, иако студирал во Јапонија имал цврсто вкоренет древен кинески идентитет на Хан и бил опседнат со кинеската култура. Неговите неколку патувања на Запад го потврдиле неговиот проантички кинески поглед и тој упорно ги проучувал древните кинески класици и древната кинеска историја.[16] Од сите „три популарни принципи“ прокламирани од Сун Јат-сен, најблизок му е принципот на национализам. Чианг Каи-шек, исто така, ја поддржа идејата на Сун Јат-сен за „политичко туторство“.

Чанг, исто така, бил особено посветен на идејата на Сун за „политичко туторство“. Сун верувал дека единствена надеж за обединета и подобра Кина лежи во военото освојување, проследено со период на политичко туторство кое ќе кулминира со транзицијата кон демократија. Користејќи ја оваа идеологија, Чанг прераснал во диктатор на Република Кина, во континентална Кина и во Тајван откако националната влада се преселила таму.[16]

Владеење со Тајван: 1945-денес

уреди

Во 1895 година, Формоза (денес наречекуван Тајван), заедно со островите Пенгу, со Договорот од Шимоносеки по Првата кинеско-јапонска војна станал јапонска колонија.

По поразот на Јапонија во Втората светска војна во 1945 година, на Јапонија ѝ било наложено да ги предаде своите трупи во Тајван на Чанг Кај Шек. На 25 октомври 1945 година, генералот на КМТ Чен Ји дејствувал во име на сојузничките сили за да го прифатат предавањето на Јапонија и тој ден го прогласил за Ден на ретроцесија на Тајван.

По формирањето на Народна Република Кина (НРК) на 1 октомври 1949 година, командантите на Народноослободителната армија (ПЛА) верувале дека Кинмен и Мацу треба да бидат освоени пред последниот напад на Тајван. КМТ во битката кај Гунингту на 25-27 октомври 1949 година ја запрела инвазијата на ПЛА. На 7 декември 1949 година, по нејзиниот пораз во Кинеската граѓанска војна партијата се повлекла од континентална Кина во Тајван. На 10 декември 1949 година било формирано седиштето на КМТ. [17] Чианг Кај-шек прогласил воена состојба и го задржал авторитарното владеење со Тајван сѐ додека не биле донесени демократските реформи во 1980-тите и целосната демократизација во 1990-тите. Во тајванската политика, КМТ е доминантна партија во Пан-сината коалиција и првенствено се натпреварува со Демократската напредна партија (ДПП). Таа во моментов е најголемата опозициска партија во законодавниот дом, Сегашниот претседател е Ерик Чу.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. 1,0 1,1 „Taiwan - The World Factbook“. www.cia.gov. Посетено на 2021-07-11. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Taiwan - The World Factbook“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „Kuomintang Official Website“. Kuomintang. Архивирано од изворникот 3 July 2015. Посетено на 13 September 2011.
  3. „江啟臣壓倒性勝出 成最年輕國民黨主席-中央社CNA“. Central News Agency (Republic of China). Архивирано од изворникот 7 March 2020. Посетено на 7 March 2020.
  4. Fenby, Jonathan (2005). Chiang Kai Shek: China's Generalissimo and the Nation He Lost. Carroll & Graf Publishers. стр. 504. ISBN 978-0-7867-1484-1. Архивирано од изворникот 5 February 2017. Посетено на 28 June 2010.
  5. Uradyn Erden Bulag (2002). Dilemmas The Mongols at China's Edge: History and the Politics of National Unity. Rowman & Littlefield. стр. 273. ISBN 978-0-7425-1144-6. Архивирано од изворникот 7 January 2016. Посетено на 28 June 2010.
  6. Jonathan Neaman Lipman (2004). Familiar Strangers: A History of Muslims in Northwest China. Seattle: University of Washington Press. стр. 266. ISBN 978-0-295-97644-0. Архивирано од изворникот 5 February 2017. Посетено на 2010-06-28.
  7. „It's Not Techno-Angst That's Driving East Asia to Abandon Nuclear Power“. Foreign Policy. 17 August 2019. Архивирано од изворникот 17 July 2020. Посетено на 7 July 2020. In Taiwan, the conservative Kuomintang’s aging demographic base and support for closer ties with mainland China now appears out of touch with a younger electorate increasingly distrustful of China and hostile to reunification.
  8. Glantz, Mickey, уред. (2012). Climate Affairs: A Primer. Island Press. стр. 65. ISBN 9781597269414. y8zdiN_Z1x0C&pg=PA65. Архивирано од изворникот 4 August 2020. Посетено на 7 July 2020.
  9. *政策綱領. Kmt.org.tw. Архивирано од изворникот 13 May 2019. Посетено на 19 June 2016.
  10. „Brill's Encyclopedia of China“. referenceworks.brillonline.com. 10 November 2008. Посетено на 2021-11-26.
  11. See (Chinese) "Major Events in KMT" History Official Site of the KMT Архивирано на 26 ноември 2012 г. last accessed 30 August 2009
  12. Strand, David (2002). „Chapter 2: Citizens in the Audience and at the Podium“. Во Goldman, Merle; Perry, Elizabeth (уред.). Changing Meanings of Citizenship in Modern China. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. стр. 59–60. ISBN 978-0-674-00766-6. Архивирано од изворникот на 5 February 2017. Посетено на 24 September 2016.
  13. Hugh Chisholm (1922). Hugh Chisholm (уред.). The Encyclopædia Britannica. The Encyclopædia Britannica, Company ltd. стр. 658. Архивирано од изворникот на 5 February 2017. Посетено на 13 June 2011.
  14. Hugh Chisholm (1922). The Encyclopædia Britannica: Abbe to English history ("The first of the new volumes"). The Encyclopædia Britannica, Company ltd. стр. 658. Архивирано од изворникот на 5 February 2017. Посетено на 13 June 2011.
  15. 16,0 16,1 16,2 „Nationalist China“. Washington State University. 6 June 1996. Архивирано од изворникот на 6 September 2006.
  16. „Party's History“. Kuomintang. Архивирано од изворникот на 26 December 2018. Посетено на 26 December 2018. Following the government of the Republic of China, the Kuomintang relocates to Taiwan. Kuomintang Party headquarters are set up at No. 11 Zhongshan South Road.