Опозиција (политика)
Опозиција (латински: oppositio — спротивставеност) — израз со кој во политиката се означуваат поединци, групи и организации кои од политички или идеолошки причини се спротивставени на поединци, групи и организации кои претставуваат власт, односно режим во некоја држава. Степенот на спротивставеност варира во зависност од политичките услови - на пример во авторитарните системи опозицијата е репресирана, додека во либералните е посакувана.[1]
Наводи
уреди- ↑ Blondel, J (1997). „Political opposition in the contemporary world“. Government and opposition. 32 (4): 462–486. doi:10.1111/j.1477-7053.1997.tb00441.x. Архивирано од изворникот на 2020-04-22. Посетено на 2015-02-21.