Овчеполски дијалект
Овчеполски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на источни дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Свети Николе со околината. Овчеполскиот дијалект е близок дијалект со кумановскиот, кривопаланечкиот и со кратовскиот дијалект.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Основни фонолошки одлики
уреди- употреба на а наместо е: трева > трава
- буквата он е заменета со у
- замена на вторичниот ер со ă
- употреба на групата мњ наместо групата мј: ламја > ламња
Морфолошки одлики
уреди- употреба на имперфектно-аористна наставка -смо / -сте: викасмо, викасте
- употреба на наставката -ики за множина на именки од среден род: пилики
- наставката -ва, -сва за 3 лице множина од аорист: они бева, они имасва
- чување на старото палатално л