Муратов Врв (Огражден)

врв на Огражден во Петричко, Пиринска Македонија

Муратов Врв (бугарски: Муратов връх) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија, недалеку од границата со Македонија. Се издига на висина од 1.398 м на главното планинско било југозападно од врвот Голак, од кој е одвоен со долината на реката Градешница. Врвот има конусен обли. Сртот е овенчан со множество карпести облици. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Врвот е обраснат со планинска тревна растителност. Северните, северозападните и западните падини се покриени со букови шуми, а источните и јужните се пошумени со бел бор. Во југоисточното подножје на Муратов Врв се наоѓа селото Кукурахцево.

Муратов Врв
Муратов връх
Поглед на Муратов Врв од северозапад
Највисока точка
Надм. вис.1.398 м
Координати41°28′39″N 22°58′37″E / 41.4775° СГШ; 22.9769° ИГД / 41.4775; 22.9769
Друго имеМуратов връх
Географија
Муратов Врв на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Матичен венецОгражден
Карта

Искачување

уреди

Главно приоднос место за искачување на врвот е селото Гега, до кое оди асфалтиран пат. За време на т.н. „Преродбен процес“ на НР Бугарија врвот е преименуван во Игуменец, но ова име не успеало да се наметне врз мештаните и посетителите.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 366. ISBN 954-90006-1-3.