Круме Калајџиевски
Круме Калајџиевски (роден на 28 јануари 1934 година во Скопје) — македонски професор по хемија.[1]
Круме Калајџиевски | ||
Роден | 28 јануари 1934 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | хемичар |
Животопис
уредиКруме Калајџиевски е роден во Скопје на 28 јануари 1934 година. Средното образование го завршил во Гимназијата „Цветан Димов” во Скопје и во учебната 1952/53 г. се запишал на студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за хемија. Дипломирал на истиот факултет во 1957 г. Во учебната 1973/74 г. се запишал на постдипломски студии при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката за неорганска и аналитичка хемија. Магистрирал во 1978 година на Хемискиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Димче Тошев, со одбрана на тезата „Застапеноста на флуорот и јодот во економски поважните видови риби на трите природни езера во СР Македонија”. Во 1983 г. докторирал (под менторство на проф. д р Тибор Пастор, од ПМФ Белград), бранејќи го трудот „Приготвување и испитување на особините на хетерогени јон-селективни електроди и нивна примена при определување на органски фармацевтски активни супстанци”. Во последната година од студиите (1956/57) бил примен како приправник на групата за хемија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Во 1957 г. бил избран за асистент и во ова звање бил преизбиран неколку пати, сè до 1984 г. кога (по докторирањето) е избран за доцент на Хемискиот факултет во Скопје. На Природно-математичкиот факултет во Скопје бил избран за вонреден (во 1989) и за редовен професор (во 1994 г.). Во пензија заминал во октомври 1998 година.
Калајџиевски изведувал настава по предметите аналитичка хемија и инструментална хемија (за студентите од биохемиско-физиолошката насока на Институтот за биологија) и по аналитичка хемија (за студентите од Фармацевтскиот факултет). На постдипломските студии на Институтот за хемија бил задолжен да изведува настава по предметот современи електроаналитички методи. Во научноистражувачката работа ги употребува електроаналитичките методи. Специјалност му е изработка и анализи со јоноселективни електроди. Научниот опус на проф. Калајџиевски опфаќа 21 печатен труд (2 труда во меѓународни списанија, 4 во национални списанија надвор од РМ, 14 трудови во списанија издавани во РМ и еден труд печатен во зборник на трудови) и 28 соопштенија (3 биле презентирани на интернационални собири, 13 на национални собири надвор од РМ и 12 на национални собири во РМ). Бил раководител на еден и учесник во три научноистражувачки проекти. Во периодот 19911993 г. бил раководител на Заводот за аналитичка хемија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Калајџиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 660. Text "series " ignored (help)