Крсто Мангов (роден во 1912 година во село Д’мбени, Костурско - починал на 11 август 1949 година во село Брезница, Костурско) — македонски деец, учесник во грчкото комунистичко и антифашистичко движење и деец на Македонското националноослободително движење.[1]

Крсто Мангов
Роден 1912
Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија
Починал 11 август 1949
Брезница, Костурско, Егејска Македонија
Националност Македонец
Занимање партизан

Животопис

уреди

Крсто Мангов е роден во костурското село Д’мбени. Следејќи го животниот напор на Лазар Поп-Трајков, Лазо Трповски и другите револуционерни херои од селото, тој се приклучил на Грчкото револуционерно движење и се борело за ослободување на грчкиот и македонскиот народ. Во 1946 година, Крсто бил еден од учесниците кои помогнале во воспоставување ДАГ во регионот на Костур.

На почетокот на 1948 година тој беше избран за претседател на регионалниот народен совет на Костур каде покажал посебен активизам. Бил активен и во отворањето на првите македонски училишта, првите селски народни совети и народни судови, земјоделски задруги, народни болници, развој и поддршка на младинските групи, за реализација на политиките на КПГ за целосни и еднакви права за македонскиот народ[2].

Мангов бил секретар на Реонскиот комитет на КПГ за Корешта, Костурско. Во МНОД бил претседател на Околискиот одбор на НОФ за Костурско и член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Загинал во с. Брезница од артилериска граната.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мангов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 909. Text "series " ignored (help)
  2. „Mangov Krsto“. http://www.pollitecon.com/. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2020-08-18. Надворешна врска во |publisher= (help)