Кралство Славонија

Кралство Славонија (хрватски: Kraljevina Slavonija, латински: Regnum Sclavoniae, унгарски: Szlavón Királyság, германски: Königreich Slawonien) — кралство на Хабсбуршката Монархија и Австриското Царство кое постоело од 1699 до 1868 година. Кралството вклучувало северни делови на денешните региони на Славонија (денес во Хрватска) и Срем (денес во Србија и Хрватска ). Јужните делови на овие региони биле дел од славонската воена граница, која била компонента на воената граница што ја одвојувала Хабсбуршката Монархија од Отоманското Царство.

Кралство Славонија
Kraljevina Slavonija  (хрватски)
Regnum Sclavoniae  (латински)
Szlavón Királyság  (унгарски)
Königreich Slawonien  (германски)

Краљевина Славонија  (српски)

1699–1868
Flag of Славонија
Flags
Знаме: (1800-ти–1852; 1860–1918)
долу: (1852–1860)[1]
Coat of arms of Славонија
Coat of arms
Кралството Славонија во 1751 година, прикажано во жолта боја
Кралството Славонија во 1751 година, прикажано во жолта боја
СтатусЗемји на круната на Свети Стефан (1102–1868)a
Одделно хабсбуршко земјиште под заедничка цивилно-воена управа (1699–1745),[2]
Составна земја на Австриско Царство (1804–1868)a
Земји на круната на Свети Стефан (1868-1918)
Главен градОсиек
Говорени јазициОфицијални:
латински
(до 1784; 1790–1847)
германски
(1784–1790)
хрватски
(1847–1868)
Вероисповед
Христијанство
Демоним(и)Славонски
УредувањеМонархија
Бан (вицекрал) 
• 1699–1703
Адам Батјани (прв)
• 1867–1868
Левин Рауч (последен)
LegislatureПарламент
Историски периодРан современ период
26 јануари 1699
15 март 1848
26 септември 1868
ВалутаФлорин
Претходници
Наследници
Пожечки Санџак
Сремски Санџак
Пакрачки Санџак
Кралство Хрватска и Славонија
Славонска Воена Краина
Денес дел одХрватска
Србија
A: Подредено на Кралството Хрватска (1745–1849), автономен дел од Кралството Хрватска и Австриско Царство (1849–1868)
Кралство Славонија во 1849 година

Географија

уреди

Кралството Славонија на запад се граничело со Кралството Хрватска, на север и на исток со Кралството Унгарија и на југ со Отоманското Царство. Заедно со Славонската воена краина, Славонија имала површина од околу 6.600 милји квадратни. Била поделена на три окрузи Пожега, Вировитица и Сирмија. Покрај синџирот планини во средината на провинцијата, преостанатиот дел од Славонското Кралство се состоел од пространи рамнини и плодни еминенции засадени со винова лоза и овошни дрвја. [3]

Историја

уреди
 
Грбот на Славонија (прв на левата страна) на надворешноста на зградата на унгарскиот парламент .

Кралството Славонија било формирано од териториите што Хабсбуршката Монархија ги добила од Отоманското Царство со Договорот од Карловци (1699) преку кој завршила Големата турска војна. Првично, тоа била посебна хабсбуршка земја под заедничка цивилно-воена управа што траела од 1699 до 1745 година [4] Жителите биле ослободени од даноци, но биле обврзани на воена служба. [3] Во 1745 година била воведена целосната граѓанска управа и Кралството Славонија, како една од земјите на унгарската круна, било административно вклучено и во Кралството Хрватска и во Кралството Унгарија. По договорот (Нагодба) со Кралството Унгарија од 1868 година, Кралството Славонија било споено со Кралството Хрватска во единственото Кралство Хрватска-Славонија, кое иако било под контрола на круната на Свети Стефан, сепак задржало значително ниво на самопуправување.

Население

уреди

По завршувањето на Големата турска војна, Славонија останала запустена бидејќи побегнале околу 80% од нејзиното предвоено население. Со цел да се подобри нејзината демографија, на луѓето што побегнале од Славонија и чии имоти биле одземени од Османлиите, им било дозволено да се вратат во нивните земји доколку имале валидни документи за сопственост. [5] Во Славонија почнале да мигрираат и доселеници од Босна, бегајќи од Османлиите. Во 1691 година, околу 22.300 католици од босанска Посавина се преселиле во Славонија. [6] Се проценува дека во 1696 година во Славонија живееле околу 40.000 луѓе [7] Во 1698 година, неговото население се зголемило на 80.000.

Податоците за австриското население од 1802 година за Кралството Славонија забележало дека живеат 148.000 (51,6%) католици, 135.000 (47,2%) православни и 3.500 (1,2%) протестанти. [8]

Според други статистички проценки, во 1787 година во цивилна Славонија имало 265.670 жители, а во 1804/1805 година имало 286.349 жители, но од тој број биле исклучени свештенството и благородништвото. На тој попис биле попишувани единствено мажите. Имало: 74.671 римокатолици, 68.390 православни христијани, 1.744 калвинисти, 97 лутерани и 160 евреи. Бројот на православни христијани бил поголем во Срем: 32.090 православни христијани и 12.633 римокатолици. Во другите два окрузи на Славонија: Пожега и Вировитица, како и во градот Пожега, римокатолиците го надминувале православното население.

Официјалниот австриски попис од 1857 година за Кралството Славонија ги дава следните резултати (дел од Срем во 1857 година бил дел од Војводството Србија и Тамишки Банат): [9]

Пожечка жупанија

Осиечка жупанија

Економија

уреди

Кралството Славонија било претежно земјоделско земјиште, исто како и Кралството Хрватска, и било познато по своето производство на свила. Земјоделството и сточарството биле најпрофитабилните занимања на жителите. Се произведувало пченка од сите видови, коноп, лен, тутун и големи количества сладунец. Голема била и количината на произведено вино, особено во округот Срем. Во 1857 година, вработеноста во индустријата (11,01%) била највисока во Осиечката жупанија, додека 72,3% биле вработени во земјоделството (82,9% во Пожечката жупанија). [10] [3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Austria-Hungary - Crown Lands, part II: Transleithnia and Bosnia & Herzegovina“. FAME. Посетено на 12 March 2022.
  2. John R. Lampe (1982). John R. Lampe; Marvin R. Jackson (уред.). Balkan economic history, 1550–1950: from imperial borderlands to developing nations. Indiana University Press. стр. 63. ISBN 978-0-2533-0368-4.
  3. 3,0 3,1 3,2 Society for the Diffusion of Useful Knowledge: The Penny Cyclopaedia of the Society for the Diffusion of Useful Knowledge, vol 22, p. 100-101
  4. Balkan economic history, 1550-1950: from imperial borderlands to developing nations, John R. Lampe, Marvin R. Jackson, Indiana University Press, 1982, page 63.
  5. Ive Mažuran – Osnivanje vojne granice u Slavoniji 1702. godine, p. 34
  6. Andrija Zirdum – Počeci naselja i stanovništvo brodskog i gradiškog kraja 1698-1991, Slavonski Brod, 2001, p. 23
  7. Andrija Zirdum – Počeci naselja i stanovništvo brodskog i gradiškog kraja 1698-1991, Slavonski Brod, 2001, p. 24
  8. Mladen Lorković, Narod i zemlja Hrvata, reprint, Split, 2005., page 86
  9. Statistische übersichten über die bevölkerung und den viehstand von Österreich nach der zählung vom 31. october 1857, page 120
  10. Mariann Nagy - Croatia in the Economic Structure of the Habsburg Empire in the Light of the 1857 Census, page 88

Надворешни врски

уреди