Комунистичка партија на Македонија — Титови сили

Комунистичка партија на Македонија — Титови сили (порано: Сојуз на Титови леви сили) — македонска вонпарламентарна лева политичка партија основана на 26 октомври 2005 година.[1] Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз-Тито, а нејзин претседател бил Слободан Угриновски. На Парламентарните избори во 2006 и 2008, Титовите леви сили настапиле самостојно и освоиле околу 3.000 гласови, недоволни за влез во Собранието. На Локалните избори во 2009 Угриновски станал советник во Советот на Град Скопје, но бил лустриран како соработник на југословенските тајни служби за време на неговиот мандат. Парламентарните избори во 2011 година партијата влезе во коалиција со СДСМ.[2] Поради несогласување со одлуката на СДСМ за бојкот на Локалните избори во 2013, Сојузот на Титови леви сили ја напуштил коалицијата.[3] На Изборите во 2014 ја поддржале ГРОМ, новоформираната партија на Стевче Јакимовски. Партијата влегла во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за Парламентарните избори во 2016, но не освоила пратеничко место.[4] Парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не освоји пратенички мандат.

Комунистичка партија на Македонија — Титови сили
ВодачГоран Арсовски
Основана26 октомври 2005
ШтабСкопје
Идеологијакомунизам, марксизам-ленинизам, титоизам
Боисина, црвена
Мрежно место
Фејсбук страница (неактивна)
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди