Слободан Угриновски
Слободан Угриновски (1 февруари 1948 - Скопје, 24 ноември 2018) — македонски политичар и стопанственик.
Слободан Угриновски | |
---|---|
Роден(а) | 1 февруари 1948 |
Починал(а) | 24 ноември 2018 Скопје, Македонија | (возр. 70)
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Занимање | политичар и стопанственик |
Животопис
уредиУгриновски е роден на 1 февруари 1948 година. Негов син е македонскиот музичар и фоторепортер Никола Угриновски - Угро. Во периодот од 1973 - 1983 година, уште како студент на Архитектонско-градежниот факултет, тој соработувал со Службата за државна безбедност, чие досие се водело под псевдонимот „Ле Корбизје“.[1][2] На 26 октомври 2005 тој го формира Сојузот на Титови леви сили, која е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија која се раководи според идеологијата на Јосип Броз- Тито. До смртта бил нејзин претседател. Од 2017 година бил член на советот на Град Скопје.[3] Починал ненадејно на 24 ноември во Скопје.[4]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-12. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „СТАНУВА ЛИ ЛУСТРАЦИЈАТА ИНКВИЗИЦИЈА?“. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Слободан Угриновски -ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ“. Архивирано од изворникот на 2011-05-02. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Ненадејно почина Слободан Угриновски“. Архивирано од изворникот на 2021-09-19. Посетено на 2018-11-25.