Комнини

византиска династија
(Пренасочено од Комнени)

Комнини (грчки: Κομνηνός, Κομνηνοί) се средновековна аристократска византиска фамилија, кои во 11 век и 12 век управувале со Византија.

Комнини
ЗемјаВизантија
Трапезунтското Царство
ПрпадностВизантијци
Основана10 век
ОсновачМануел Еротик Комнин
Последен владетелДавид Комнин
ТитулиВизантиски цар
Трапезунтски цар[1]
Распад15 век
Крај на владеењето1453 - распаѓање на Византија
1461 - распаѓање на Трапезунтското Царство

Потекло

уреди

Основач на династијата според Михаил Псел е Мануел Еротик Комнин, кој бил крупен земјопоседник на византиски апанаж во Кастамону - Пафлагонија, но е роден во Филипопоја каде поседувал имот со името Комни . Негов син бил Исак I Комнин. Општо е прифатено (хипотетички, но без да е докажано) дека корените на презимето Комнин се во областа Пафлагонија во која семејството поседувала генерички имоти, центар на кои била тврдината Castra Comnenus (Денешниот турски град Кастамону).

Не е јасно Мануел Комнин дали бил Ерменец по потекло или Бугарин. Последното големо преселување било во 970 година, кога во реонот на Филипопол (денешен Пловдив) се населиле 200.000 Ерменци[2]. Според американската византолошка од ерменско потекло Н. Гарсојан, овие Ерменци биле потомци на оние кои биле населувани во Сирија по падот на Павликанската држава во 871 година.

За првиот познат претставник на династијата е јасно дека во 978 година ја бранел Никеја од Вардех Склир. Претставниците на Комнините сосема намерно се сродиле со претставници на комитопулитете - Исак I Комнин бил оженет за Катерина Комнина, а Алексиј I Комнин - за Ирина Дукина.

Управување

уреди
 

Династијата на Комнините со Византија управувала од 1057 до 1059 година и од 1081 до 1185 година. По уништувањето на Византија од крстоносците во Четвртата крстоносна војна, претставници на Комнините започнале да управуваат и како цареви на создадената од нив Трапезунтското Царство (1204 - 1461).

По женска линија од последните трапезундски Велики Комнини произлегле и познатите династии на Сефевидите и Бабурите на Моголската царство, пред Иран и Индија да бидат освоени во текот на Големата игра од Британската царство.

За време на управување со Комнините, Византија доживеала последен подем во царството во надворешнополитички план, проследено преку обновата на царството од страна на Палеолозите, по кое започнала т.н. Палеологошка ренесанса. Управувањето на Комнините претставувало период на т.н. зрел византиски феудализам во кој се случила Големиот раскол каде христијанскиот свет засекогаш бил поделен на источен и западен.

Исак I Комнин бил првиот член на фамилијата на Комнините, кој застанал на византискиот престол. Тој ја имал должноста стратопедарх на Истокот во времето на цар Михаил VI. Во 1057 година Исак организирал заговор за соборување на царот и сам застанал на чело на огромната царство. Сепак динсатијата на Комнин успеала да се зацврсти на престолот во времето на Алексиј I Комнин во 1081 година.

Последен кој управувал со Византија од династијата бил Андроник I Комнин, кој бил соборен од престолот од страна на Исак II Ангел.

Подоцнешни години

уреди

Неколку недели пред окупацијата на Цариград од крстоносците во 1204 година, една гранка на Комнините побегнала назад во нивните имоти во Пафлагонија, по должината на источниот брег на Црното Море. Таму тие основале свое царство познато како Трапезунтското Царство, земја наследничка на Византија[3].Алексиј Комнин ја искористил презафатеноста на византиската власт со крстоносците пред нивните ѕидини (јуни 1203 – средина на април 1204[4] ) и го зазел Трапезунт и провинцијата Халдија со војници од добиени од неговиот роднина, Тамара од Грузија[5]. Со тоа, врските меѓу Трапезунт и Грузија останале цврсти, но нивната природа била оспорувана.[6]

Трапезунтското Царство ја надживеала Византија за неколку години, односно до 1461 година кога последниот цар Давид Комнин бил погубен од страна на Мехмед II[7].

Династија на Комнините во Византија

уреди

Дунастијата МегалоКомнини

уреди

Династијата Комнини владеела со Византиското Царство од Цариград сè до 1185 година. На табелата се покажани членовите на семејството кои биле владетели на Трапезунт од 1204 до 1461 година.

Име Од До
Алексиј I Велики Комнин 1204 1222
Андроник I Гид 1222 1235
Јован I Велики Комнин 1235 1238
Мануил I Велики Комнин 1238 1263
Андроник II Велики Комнин 1263 1266
Георгиј Велики Комнин 1266 1280
Јован II Велики Комнин 1280 1284
Теодора Велика Комнина 1284 1285
Јован II Велики Комнин* 1285 1297
Алексиј II Велики Комнин 1297 1330
Андроник III Велики Комнин 1330 1332
Мануил II Велики Комнин 1332 1332
Василиј Велики Комнин 1332 1340
Ирена Палеологина 1340 1341
Ана Велика Комнина 1341 1342
Јован III Велики Комнин 1342 1344
Михаил Велики Комнин 1344 1349
Алексиј III Велики Комнин 1349 1390
Мануил III Велики Комнин 1390 1416
Алексиј IV Велики Комнин 1416 1429
Јован IV Велики Комнин 1429 1459
Давид Велики Комнин 1459 1461

Наводи

уреди
  1. полната титула на царевите од Трапезунт по 1261 година , “верниот базилеј и автократ на Истокот, Иберијците и Ператеја”
  2. Jovan Cvijiċ. La Péninsule Balkanique. Librairie Armand Colin, Paris, 1918, p. 476
  3. Alexander A. Vasiliev History of the Byzantine Empire Vol 2. 324 - 1453 University of Wisconsin Press; 2 edition, 1958 page 506 : ”... on the territory of the disintegrated eastern empire, three independent Greek centers were formed; The empire of Nicaea and the empire of Trebizond in Asia Minor and the Despotat of Epirus in Northern Greece.”
  4. Mango, C. (ed.) The Oxford History of Byzantium (2002), p. 250
  5. A. A. Vasiliev, "The Foundation of the Empire of Trebizond (1204-1222)", Speculum, 11 (1936), pp. 3-37
  6. Eastmond, Antony. "Narratives of the Fall: Structure and Meaning in the Genesis Frieze at Hagia Sophia, Trebizond". Dumbarton Oaks Papers 53 (1999), 219–36.
  7. Discussed by Ruth Macrides, "What's in the name 'Megas Komnenos'?" Archeion Pontou, 35 (1979), pp. 236-245

Литература

уреди
  • Cameron, Averil (Ed.) (2003) Fifty Years of Prosopography: The Later Roman Empire, Byzantium and Beyond, Oxford University Press.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно |title= (help)
  • Varzos, Konstantinos (1984). The Genealogy of the Komnenoi Η Γενεαλογία των Κομνηνών (грчки). Thessaloniki: Centre for Byzantine Studies, University of Thessaloniki., Vols. A1 Архивирано на 3 февруари 2014 г., A2 Архивирано на 3 март 2016 г. & B Архивирано на 3 март 2016 г.