Коларица

село во Леринско, Егејска Македонија

Коларица или Коларци (грчки: Μανιάκι, Мањаки; до 1960 г. Μανιάκη; до 1927 г. Κολάρτζα, Коларѕа[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 484 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Коларица
Μανιάκι
Коларица is located in Грција
Коларица
Коларица
Местоположба во областа
Коларица во рамките на Суровичево (општина)
Коларица
Местоположба на Коларица во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°38.43′N 21°42.11′E / 40.64050° СГШ; 21.70183° ИГД / 40.64050; 21.70183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЧалџиево
Надм. вис.&10000000000000550000000550 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно484
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено 12 км северно од Чалџиево, 20-тина километри источно од Суровичево и 25 км северно од Кајлари.[3] Лежи во котлината Сариѓол, на источниот брег на Островското Езеро, спроти селото Пателе.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Коларица:

Село Колацка со 70 муслимански куќи. Данокот им е 10.000 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство. Го носат името „сариѓолчани“. Земјиштето на селото е голо, без дрвја.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коларица имала 250 жители Турци.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 460 жители кои во 1920 г. нараснале на 541 лице.[3] Во 1920-тите, по сила на Лозанскиот договор, жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Мањаки.[6] Во 1928 г. Коларица е заведена како наполно дојденско село со 219 жители од 58 семејства.[7]

Во 1960-тите дошло до големо опаѓање на населението поради масовно иселување во поголемите градови, иако состојбата се подобрила во текот на 1970-тите, кога бројноста се повратила на поранешно ниво.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 454 451 255 379 507 491 526 484
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението произведува тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κολάρτζα -- Μανιάκη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 156.
  4. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 152.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.